Што се вишок килограми?
Дебелината во превод значи вишок телесни маснотии. Можеби неколку килограми не значат веднаш дека вашето дете е дебело, меѓутоа тоа може да укажува на склоност кон додавање килограми и потреба за корекција на начинот на исхрана и потреба од физичка активност. Како проблем, најчесто се појавува во 5-тата или 6-тата година од животот или за време на пубертетот. Децата кои се соочуваат со прекумерна телесна тежина на возраст од 10-13 години имаат многу големи предиспозиции да бидат и подоцна во возрасната доба.
Што води до дебелеење?
Причините се комплексни и бројни и вклучуваат, пред сè, генетски, биолошки, културолошки и социолошки фактори.
Внесувањето на повеќе калории во однос на потрошеното, неминовно доведува до зголемување на телесната маса. Прекумерна телесна тежина може да настане и како комбинација на повеќе фактори.
ЗА НАС
„БИОМЕД ЛАБ“ е прва приватна здравствена лабораторија за молекуларна дијагностика во Македонија основана во 2013 година.
Публицитет.мк