„До кога?“ нов хит на Блага Петреска
Пред два дена во Скопје по 23 пат во Домот на АРМ се одржа фестивалот ФИЛИГРАНИ 2016. Настапија над дваесеттина македонски фолк пејачи а главната награда ја освои Блага Петреска.
Таа со емоции ја „донесе“ нејзината најнова песна „До кога“ чии автори се Миле Барбаровски- музика, нејзината ќерка Олја Ангелеска го напиша текстот,а аранжманот е на Љупчо Соколовски.
За својот најнов музички успех Блага за Публицитет.мк кусо изјави:
-Пред два дена на фестивалот „Филиграни 2016“ во Домот на АРМ во Скопје ја освоив ГРАН ПРИ НАГРАДАТА со песна „До кога?“ .Песната е женска инспирација од денешнава младина која како да ги заборави вистинските вредности. Се’ е синтетика ја нема душата, топлината и затоа тие личности коишто го имаат тоа богатство ДУХ во ова време се збунети. Сега тие се прашуваат: Дали е во нив вината? Искривените вредности и неморалот царуваат.

Организаторите соопштија дека нашиле на разбирање од страна на ЗАМП. Од нив добиле писмена дозвола за снимање и одржување на фестивалот додека фестивалот на ТВ екраните ќе се најде откако ќе се разреши веќе познатиот проблем со ЗАМП и забраната за емитување македонска музика преку медиумите.
Публицитет.мк






