Во четврток на 27 октомври во Католичката Црква во Охрид ќе се одржи концерт на Дуо Флејти: Богданоска и Беќири.
На програмата се дела од: Делибе,Келер,Мучински,Телеман,Кулау,Бетовени Хиндемит. Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура, а влезот е слободен. Дуото го сочинуваат флејтистките Светлана Богданоска и Лејла Беќири,а е оформено во 2013 година. Тие зад себе веќе имаат концерти во Македонија и на Косово. Концертот во Охрид ќе започне во 19,30 часот.
Следната недела дуто фелејти: Богданоска и Беќири ќе настапат во Тетово.

Светлана Богданоска е родена во 1987 година во Охрид. Своето музичко образование го добива во ОМУ,,Методи Патче” ( класа: Н.Момировска),Средно музичко училиште-Битола ( класа: П.Талевски) и Факултетот за Музичка уметност во Скопје ( класа: Б.Станковска).
Својата музичка наобразба ја надоградува посетувајќи работилници и семинари кај: Илија Зимбо ( со кого има долгогодишна соработка), Луис Меирелес, Јанош Балинт, Лаура Леваи Аксин, Пјер Ив Арто, Џазмин Чои, Гаспар Оџос, Дамјан Крајачиќ и др.
Богданоска е добитник е на државни и на меѓународни награди,меѓу кои: Втора награда-прва не беше доделена-,, Млади Таленти”-Сан Бартоломео ал Маре, Италија; Прва награда-Државен Натпревар; Прва награда (клавирско трио)- Државен натпревар за камерна музика; Трета награда- “Мајски средби на младите дувачи”-Лазаревац,Србија; Прва Специјална награда-Државен натпревар; Трета награда-“Натпревар за дрвени дувачи”-Пожаревац,Србија; Прва награда-“Музички натпревар за млади”-Приштина.

Лејла Беќири е родена во 1989 година.Своето музичко основно и средно образование го добива во ДМУ„Тодор Скаловски – Тетоец„ во Тетово. Додипломските студии ги завршува на Факултетот за Музичка уметност во Скопје ( класа: Б.Станковска),а магистрира на Музичката Академија во Нови Сад, Србија, класа на проф. Лаура Леваи Аксин.
Својата музичка наобразба ја надоградува посетувајќи работилници и семинари кај: Илија Зимбо( со кого има долгогодишна соработка), Љубиша Јовановиќ, Јанош Балинт, Лаура Леваи Аксин, Дејан Гавриќ, Емануел Пају, Петар Лукас Граф и др.
Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди,меѓу кои: Три Први Награди на Државен натпревар во Скопје категорија соло, дуо флјети и клавирско трио; Прва Награда на Меѓународниот Фестивал во Ваљево, Србија;Втора награда на Меѓународниот натпревар во Белград, Србија; Две Први награди на Меѓународниот Фестивал за флејта во Суботица, Србија; Специјална Лауреат Награда на Меѓународниот натпревар во Приштина, Косово и др.
Публцитет.мк






