Вечниот шармер на македонската естрада Благоја Грујовски се потсетува заедно со нас на еден од многуте негови хитови.
-Имам многу песни кои ми се драги,некои ги изведувам редовно некои никогаш, а има неколку кои се за специјална пригода. Една од тие е “Кому да запејам” од Григор Копров.Стиховите се на Огнен Неделковски.
Во 1997 бев пријатно изненаден кога Копров ми предложи да настапам со негова песна на „Охрид фест“. Дотогаш немавме соработка и ми беше предизвик да испејам нешто различно. Демо снимката не ветуваше многу, но кога ја слушнав матрицата со аранжманот на Дамир Имери песната го доби вистинскиот лик.
Иако мислев дека тој стил “не ми лежи” сепак многумина ми рекоа дека таа ми е можеби најубавата песна. Драго ми е што после долго време ја обновив соработката со Копров и веќе имаме доволно материјал за албум што треба да се објави годинава, изјави за Публицитет.мк Грујовски.
Публицитет.мк