Боби e речиси „распродаден“
Младиот Боби Мојсовски веќе познат во естрадните води во и надвор од Македонија чекор по чекор ја гради својата кариера.
Со клик на линкот подолу, слушнете го целото интервју. Со Боби Мојсовски разговараше Милчо Јованоски
Викендов беше во Нови Сад и Белград, а вчера беше дел од фото сесијата во бутикот ЕМИЛИ во Охрид. Меѓу два блица на фотоапаратот успеавме да го тргнеме настрана и да проговориме за неговиот однос кон музиката, стилот и облекувањето, се потсети на неговата матура од пред неколку години и не заборави да им се заблагодари на бутиците ЕМИЛИ со кои има добра соработка.
Планира кариерата постепено да ја шири во Србија и Хрватска . Со еден белградски успешен композитор и хит мејкер некаде во октомври да сними негова песна ( името остана енигма), а летово ќе оди пак во Белорусија на „Славјански базар“ да ја потсети тамошната публика на неговата неприкосновена победа.
Во меѓувреме ни откри дека пред крај е неговиот албум кој ќе се појави некаде во мај субвенциониран од Министерството за култура на РМ на кој ќе има 10 нумери од кој четири ќе се сосема нови…
Публицитет.мк