Се напивте некоја чашка алкохол повеќе?! Не се грижете, тука е новиот паметен клуч на Honda кој ќе ве спречи да возите во алкохолизирана состојба.
Honda и Hitachi претставија интересен прототип на клуч со кој ќе се детектира нивото на алкохол во организмот на возачот. Овој нивен нов измум кој е во големина нешто приближно колку и еден мал смарт телефон ќе има за улога да го намали бројот на сообраќајни несреќи кои често се случуваат поради високото ниво на алкохол кај возачите.
Со досегашниот развој кои го направиле овие две компании, за клучот да може да функционира возачите ќе треба да дувнат во него и за три секунди ќе добијат одговор дали можат или неможат да возат, односно на екранот во автомобилот ќе ги прикаже резултатите за тоа колку точно алкохол имате во организмот, па доколку е над дозволената граница (која најчесто изнесува 0,5 промили) клучот нема да функционира и со тоа возачот нема да може да вози.
Но сигурно на момент си помисливте дека овој систем може лесно да се “излаже” – но не е така. Според изјавите од двете компании, тие во моментов работат на тоа овој клуч да може да го детектира дури и здивот на сопственикот со што ќе има можност да разликува повеќе луѓе и со тоа не би дошло до лажирање на системот, или пак некој друг соодветен начин со кој ќе се препознава сопственикот и возачот, па поради тоа официјалното претставување на овој клуч ќе се одложи до оној момент кога ќе бидат сите функции изработени онака како што и треба.
Извор: www.rpm.mk