Актуелниот македонски пејач – Боби Мојсовски, најмногу познат на јавноста како вицешампионот на годинашниот X Factor Adria, деновиве го снима видео-записот за новиот сингл “Погледни во мене“ (текст: Боби Мојсовски; музика и аранжман: Јован Василевски), во кој учествува една од најубавите македонски модели.
Боби одлучи сепак да продолжи со проверениот тим и овој видео-запис да биде дело на режисерот Даниел Јовески.
Покрај многуте ангажмани и настапи по завршетокот на шоуто, Боби, заедно со неговиот бенд, ова лето, успешно го одржа и првиот солистички концерт на градски плоштад во Охрид, а средствата беа донирани за хуманитарни цели.“
Публицитет.мк