Деновиве Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца одбележува повеќе значајни датуми и настани и тоа:
– 1 Септември – 71 година од формирањето на Охридско – Струшката Народноослободителна Бригада во с.Велмеј.
– 6 Септември – 71 година од формирањето на 6-та МНОУБ во месноста Рудина, на Караорман.
– 8 Септември – 24 години од третиот Илинденден , кога граѓаните на Република Македонија на референдум ја изразија својата волја за самостојна, суверена и независна држава, со што се исполни сонот на многу генерации.
По тој повод делегација на ОО на СБ Охрид и Дебрца , утре – вторник во Спомен паркот на револуцијата ќе положи свежо цвеќе со почеток во 10:00 часот.
ОО на СБ од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца на сите граѓани на Охрид и РМ им го честита 8 Септември – Денот на независноста на македонскиот народ и етничките заедници во РМ.






