Во пресрет на 8 Септември – Ден на независноста на Република Македонија вечерва градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески го отвори новиот плоштад кај Мини маркет. Говорејќи за овој зафат на локалната самоуправа првиот човек на Охрид, градоначалникот Бакрачески рече:
– Овој простор за повозрасните охриѓани беше познат како “Дуборезачка“, за помладите генерации едноставно како “Кај минимаркет“, а оставам на вас, на денешната генерација и инвентивноста на граѓаните овој плоштад да го именуваат според нивно наоѓање.
Плоштадот е на површина од околу 1.000 м2 и идеално се вклопува во афтентичниот градски стил на Охрид, со современи компоненти. Оваа уредена јавна површина ја красат две фонтани и мал амфитеатар. Поголемата фонтана е каскадна и поставена во самиот центар, оплеменета со мозаици наречени “четири рајски реки“ кои се дело на познатиот охридски уметник Никола Упевче до кој упатувам благодарност за неговата креација во конечното оформување на ликот на фонтаната. Втората вертикална фонтана е поставена во аголот кај малиот амфитеатар и ќе ја краси сцената на истиот и го симболизира богатсвото на води во овој регион.
Целиот простор е хортикултурно осмислен и осветлен по најсовремени стандарди онака како што тоа го бараат ваквите градби.
Реализацијата на овој крупен проект тежок 8.688.925 денари е на охридските јавни претпријатија.
Плоштадот ќе биде катче за одмор и релаксација, но тука се разбира ќе може да се рекреираат и да се забавуваат сите охриѓани од најмала до најголема возраст. Просторот кај малиот амфитеатар ќе биде можност сите културни институции , дејци и уметници да организираат најразлични културни манифестации и уметнички изразувања.
Драги сограѓани, ја изразувам благодарноста и кон вас за довербата која ни ја давате во реализирање на проектите. Продолжуваме да го градиме и разубавуваме Охрид.
И на крај, погледнувајќи во очи на големиот празник, 8 Септември – денот на независноста на Македонија, ви го честитам на сите вас. Нека овој ден не потсетува на предизвиците, кои сме ги надминале и нека овој ден вечно ги потхранува визијата и стремежот за подобра Македонија.
Извор: ФБ статус Градоначалник Никола Бакрачески