
Пред бројни новинари, соработници, колеги, младиот рок пејач Борис Цветановски, во скопската пивница „Стар град“, го промовираше својот прв албум „Дождлив ден“.
. Воедно, промовиран беше и видео записот за насловната тема, а сите осум песни кои го сочинуваат овој албум, Борис и бендот ги изведоа во живо. Младиот рокер е и автор на албумските песни- „ Дождлив ден“, „Чај од очај“, „Утра мамурни“, „Изгаси ме“, „Вози, вози ме“, „Капка по капка“, „Лица две“ и „Сини очи“.

За албумот говореа аранжерот Горан Милошевски (во чие студио „Кактус“ е сниман овој албум изминативе две години) , Томе Влашевски -Куба кој го изработи спотот и новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго.
Продукцијата „Кактус“, чиј ексклузивец е Борис, во следните месеци најави и нови спотови и гостувања на Борис во земјава и соседните земји.
Публицитет.мк






