Во духот на македонската традиција со љубов кон својата вера , култура, јазик и се ’ што го сочинува идентитетот на македонскиот народ , голем број верници присуствуваа на настаните организирани од страна на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Трентино а по повод Божик.
Со игра, песна и продолжување на обичаите нашинците од овој дел од Италија порачаа: – Без разлика каде и да живееме, во татковината или раселени по светот треба да си ги чуваме верата православна и нашето духовно и национално единство, вели во изјава за Публицитет.мк Венко Трпески, претседателот на друштвото „Св. Кирил и Методиј“ од Трентино.
Публицитет.мк