Сондата, лансирана од Американската вселенска агенција NASA во 2006 година, во летото 2015 година стана позната поради првите квалитетни снимки од Плутон, по што се упати кон Кујперовиот појас, составен од џуџести планети, вселенски камења и ледени остатоци од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.
Сондата „Нови Хоризонти“ (New Horizonsна НАСА) би требало да се наоѓа на најоддалечената точка од Сончевиот систем до која некогаш стигнал уред од Земјата.
Научниците бурно го прославија контактот со леталото кое испрати фотографии од вселенскиот камен наречен Ултима Тул, кој се наоѓа на 6,4 милијарди километри оддалеченост од Земјата, на надворешниот раб од нашиот Сончев систем.