Градоначалникот Јован Стојаноски да каже колкав е долгот на општината. Наместо да објасни зошто нема реализирано ниту една капитална инвестиција, Јован Стојаноски продолжува да се занимава со популизам и се фали со препишани проекти од ВМРО-ДПМНЕ, рече шефот на центарот за комуникации на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид, Перчо Божиновски.
-Градоначалникот и неговата администрација испратиле понуди до фирми доверители да се пристапи кон преговори за склучување договори за отпис на камати и исплата на главницата на рати. Овој начин на менаџирање на долгот го промовира и спроведе минатата Локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која успеа да исплати над 14 милиони евра стари долгови, па од таму и каматата на дневна основа е намалена од 17 000 на 10 000 евра.
Зошто тогаш опозициската СДСМ и градоначалникот го критикуваа овој начин на менаџирање на долговите, а сега истиот го продолжуваат во практика и го промовираат во медиумите како одлична идеја?
Ако не е така, дали тоа ќе значи дека ова е уште еден преземен успешен проект од периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ?
Јован Стојаноски, за првпат како претставник на СДСМ уште во октомври на дебатата на кандидтатите за градоначалник на Охрид, јасно прецизира дека долгот долгот кој се дефинира во 2013-та на Општина Охрид е 50 милиони евра.
Зошто сега јавно не излезе и не го соопшти долгот кога има се’ во свои раце?
Како Градоначалник на општината сте должни да им објасните на граѓаните како менаџирате со нивните пари?, рече на прес конференција шефот на центарот за комуникации на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид, Божиновски.
Публицитет.мк