• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, октомври 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Симон Карамешиноски

февруари 10, 2018
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“: Симон Карамешиноски

Наш гостин Симон Карамешиноски. Овдешната јавност во Охрид  и таму во Сиднеј – Австралија го знае како Симон камерманот.

 Човек – хроничар на Охрид од периодот на осумдесетите , па се’  до денес. Во неговата архива се зачувани стотици и стотици настани кои го обележаа животот на градот и оставија траен белег во неговиот растеж.

Во „Мојот живот, мојот свет“ Симон си ја отвори душата народски кажано и ни раскажа како е да се живее и овде и таму.

Со клик на линкот подолу , слушнете го интервјуто во целост.

 

1995

Во 1995 год. Охрид – Симон со сопругата Вера ќерките Соња и Милена

Обично на почетокот зборувавме за корените и од каде прекарот за неговата фамилија Градски. Потеклото по татко му е од Мешеишта. Дедо му всушност бил посвоен и живее во Охрид во стариот дел на градот , но по 18 години му кажале дека е по потекло од Мешеишта и тој се вратил на својот имот. Бабата на Симон по потекло била од Пештани од рибарска фамилија а роднини сега има и во Трпејца.

Нп, тој е роден во Охрид во 1952 во старата охридска болница на „Димитар Влахов’ каде што живее и денеска.

Првото заминување за Австралија ми е во август 1975 останал три години и тагувал за Охрид. По втор пат заминал во 2004 и до денес е на  оваа релација.

 

dogovor402052018 0004

 – Во мојата архива имам меѓу 5 и 10 илјади часа видео материјал. Овековечени се многу настани и луѓе. Мнозина сакаат да ја поседуваат, но таа ќе остане за Охрид, вели Симон. Во ова аудио интервју тој се потсети на тоа како започнал со камерманството во Австралија за крадењето на занаетот, желбата да се има камера а се нема пари да се купи. За враќањето во Охрид дружбите со покојниот снимател Љупчо Шурбаноски и соработката со познатиот охридски снимател за Радио телевизија Скопје Муџахит Хилни ама и за работата во ЕМО во информативната служба и соработката со новинарите: Живко Димоски, Магде Манеска, Виолета Веруш и колегите од останатите фабрички весници како Никола Манески и тогашното радио Охрид.

27849733 408196742970430 1556329144 n

Ни кажа за сите радости и таги со кои е испреплетен животот секому па и нему. За семејната трагедија умирањето на првата сопруга и подоцна женењето за сопругата Вера. За тоа како ја има прошетано Австралија долж и попреку, но и за претераната носталгија со која се борел и се бори.

 

27847823 408196722970432 2127024914 n copy

Симон ако не беше тоа што е – камерман и хроничар ни  призина дека сакал да биде пејач и затоа се дружел токму со другарите од некогаш популарната охридска група „Канео“ . Но вели:-Никогаш не се знае можеби еден ден ќе успеам да ја снимам мојата сопствена композиција, еве на пример во студиото на Љупчо Попоски од Охрид кој сега живее во Сиднеј.

На шега вели дека неговата Вера поради честите  отсуства од дома му велела дека камерата му е најголема љубовница. А кафеаните, иако не е од оние што знаат да се опијат му се канцеларија. Особено во перидот додека живеел во Охрид. Во „Летница“ сите минувале и го барале да снима разни поводи.

Во својата снимателска кариера Симон има добиено повеќе награди и признанија , но најмногу се гордее со наградата од фестивалот МАЛ МАНАКИ во Битола добиена во средината на деведесеттите за документарецот „Името ми е Партениј – Алилуја“ посветен на монаштвото во Бигорскиот манастир.

Во интервјуто зборува и за настаните кои ги следи во Сиднеј и прекрасната соработка со СБС и сегашната уредничка на македонската програма Радица Бојковска – Димитровска.

27938984 408197526303685 102385795 n

 Од лани според австралиските закони е пензионер и ужива во ситните радости и дружбата со сопругата Вера и со внуците овде и таму од ќерките Соња и Милена а секако сега во нивниот фокус е најмалата внука Софија.

dogovor402052018 0003

27544871 10155472191307736 6776198385407740525 n

 

Интервјуто го правевме во Охрид, Симон веќе е во Сиднеј. Дел од фотографиите ни ги даде од овдешната архива а дел ни испрати од таму.

 

 

 

 

 

Публицитет.мк

Посетеност: 140
Share
Previous Post

Божиновски од ВМРО ДПМНЕ – Охрид: Градоначалникот Стојаноски да каже колкав е долгот на Општина Охрид?

Next Post

Бесплатно предавање „Договор за тестамент, подарок, доживотна издршка“

Next Post
Бесплатно предавање  „Договор за тестамент, подарок, доживотна издршка“

Бесплатно предавање „Договор за тестамент, подарок, доживотна издршка“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 140

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk