Младиот новинар Бранко Вукелиќ од Подгорица неодмана беше во Охрид и учествуваше на Регионалната летна новинарска школа за биодиверзитет како претставник на Црна Гора.
Со репортажата изработена за и во Охрид и посветена на неговата севкупна убавина тој станал победник на школата. Колегата Вукелиќ има сопствен блог на Интернет и за да не остане текстот за Охрид напишан на англиски јазик, само како интерна приказна, за само еден ден, тој ја поставил и на блогот за да стигне до многу читатели кои како што вели заслужуваат да знаат за убавините на Охрид.
Под насловот: „Охрид – место каде гастрономијата, туризмот и културата правaт магија“ Вукелиќ успешно ја гради приказната за Охрид користејќи веќе познати податоци и факти, но и најнови сознанија од средбите со локалното население.
Во воведот Вукелиќ ќе напише: – Охрид е едно од најубавите места во Европа има голема култура, историски места, природа, храна и неверојатни приказни. Тој е заштитен од УНЕСКО и привлекува многу туристи кои доаѓаат од различни причини. Ако некогаш дојде во Македонија, Охрид е место кое што треба да го посетите сигурно.
Таму можат да се слушнат многу интересни приказни. На пример, за пастрмката во Охрид риба на која локалните жители се горди затоа што тоа е ендемски вид и претставува еден од симболите на Македонија.
Во продолжение со клик на линкот подолу ќе можете да видите што друго колегата Вукелиќ напишал за Охрид.
http://mnsblog.weebly.com/blog/ohrid-a-place-where-gastronomy-tourism-and-culture-make-magic
Публицитет.мк