• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Разговор со Душан Ристевски по повод неговиот најнов театарски текст – „Баба се мажи“

октомври 1, 2016
in Култура

Повод за разговор со Душан Ристевски ни даде поставувањето на сцена на неговата последна драма „Баба се мажи“ во изведба на Австралиско– македонскиот театар од Сиднеј.

Душан, ова е мошне интересен наслов, делува смешно и се јавува љубопитност да се дознае темата на „Баба се мажи“.

Точно со самото слушање на насловот луѓето се смеат, а воглавно и тоа се очекува од оваа комична претстава: исполнета е со комични сцени само за разонода, смеење и уживање во позитивните моменти на животот. Малку се бега од македонското традиционално размислување со кое „бабите или дедовците не треба да се мажат или женат“ но затоа вреди да се види и да бидеме отворени кон она што ќе се чуе во преставата. Стигмата или срамот се нарушува, живееме во друг свет каде се’ и сешто е можно. Иако е комедија, секако има доста пораки за размислување во однос на економските ситуации во Македонија и Австралија, за она луѓето што некогаш се присилени да прават неморални и неетички работи.

Минатата пртестава „Куферот“ се прифати многу позитивно од публиката иако беше трагедија. Што беше поводот да напишете комедија кога знаеме дека секогаш обработувате социјални и психолошки теми?

Пред „Куферот“ на сцена беше „Доктор Жими Мајка“, комедија со особено длабоки пораки во однос на семејството, социјалните промени и меѓучовечките односи. Пред неколку години на сцена ја имавме музичката комедија „Стари и весели“. Репертоарот го прошируваме по барање и желба на публиката, некои сакаат комедии за да дојдат само за разонода но некои сакаат посериозни теми, драми со подлабоки содржини. Се обидуваме со преставите да постигнеме повеќе цели, па се надевам дека и со оваа претстава луѓето ќе бидат задоволни. Добро е што успеваме на заедницата да и нудиме разонода.

Повторно земате учество на Discovery Festival во Хрствил каде ја преставувате македонската култура.

Повторно сме поканети и скоро секоја година успеваме да преставиме нешто не само за македонската туку и за англиско-говорната публика. Тој е најуспешниот начин да се покаже нешто од нашите културни вредности, посебно од театарот кој е длабоко врежан во нашата култура.

Покрај постарите во оваа претстава имате и нови членови во Театарот.

Среќни сме што секогаш ни доаѓаат нови членови кои сакаат да бидат дел од нашата група, а некои од постарите после неколку години пауза повторно се враќаат. За прв пат настапуваат Татјана Нешковска, Јован Апостоловски, Зора Сазданова и Македонка Наневска. Покрај нив учествуваат и  Јаворка Котевска, Гордана Милошевска, Владо Сазданов, Антонио Нешковски и Спасија Огненовска. Режијата е на Васко Србиновски, а сценската продукција на Никола Апостоловски.

Значи нудите пет претстави во НЈВ а имате ли претстави да посетите и други градови/држави?

Покрај Сиднеј и Волонгонг би сакале да ја дадеме претставата и во другите градови каде македонската заедница е стационирана но тоа зависи од постоечките македонски организации кои делуваат таму. Поканите не ги одбиваме само турнејата треба да се организира по нивно барање. Претставите се закажани само за:

Civic Theatre, Hurstville Entertainment Centre, MacMahon Street, Hurstville во петок, 11-ти ноември и сабота, 12-ти ноември во 19.30 часот

 

Sun Lounge Function & Reception Centre, 8-14 Stewart Street Wollongong во сабота, 19-ти ноември во 19.30 часот

Macedonian Cultural Centre “Ilinden”, 65 Railway Street Rockdale во недела, 20-ти ноември во 15 часот

Bankstown Polish Club,11 East Terrace Bankstown во сабота, 3-ти декември во 19.30 часот

Пишува: Иван Трпоски, Сиднеј 

Публицитет.мк 

Посетеност: 106
Share
Previous Post

Проф. Славка Јаневска: Образовен процес – чекор напред, два назад

Next Post

Бранко Вукелиќ од Црна Гора пишува: „Охрид – место каде гастрономијата, туризмот и културата правaт магија“

Next Post

Бранко Вукелиќ од Црна Гора пишува: „Охрид - место каде гастрономијата, туризмот и културата правaт магија“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 106

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk