Брзиот начин на живот и честите стресни ситуации негативно влијаат на нашиот мозок, па се почести се случаите на обваа сериозна болест. Иако многу е тешко да ги разграничиме заборавеноста и деменцијата, лекарите осмислија 6 прашања со чија помош ќе го откриете раниот развој на деменција.
1. Која година е? (точно 0, погрешно 4)
2. Кој месец е? (точно 0, погрешно 4). Заедно со ова прашање пробајте да ја запаметите следнава адреса: 12 Ударна бригада бр. 2.
3. Без да гледате на часовник, кој е најблискиот полн час? (точно 0, неточно 3)
4. Бројте наназад од 20 до 1 (точно 0, една грешка 2, повеќе грешки 4)
5. Набројте ги месеците во годината наназад (точно 0, една грешка 2, повеќе грешки 4)
6. Како беше адресата која ја прочитавте погоре? (точно 0, една грешка 2, две грешки 4, три 6, целосно погрешно 8)
Бодување:
0-7 бодови – нема знаци на деменција
8-9 бодови – би било добро да посетите лекар
Над 10 бодови – сериозни проблеми, мора да посетите лекар
Сепак, не паничете ако тестот е позитивен, потребно е само да направите лекарска проверка.
Извор: zase.mk