Го обележавме почетокот на летната сезона со Бели ноќи(макар шо мислам во Охрид не требит да се обележвит почеток на сезона,зш требит да трајт цела година).
Се прилагодвиме полека на “тоблероне”работно време(денес до 1,утре до 2 па 3….).
Ама не знам как да се прилагодиме на то шо е гласна музика,шо е слушливо за уво,шо ја пратит убоста на ејзерово и градов а шо ги парат летните ноќи и ушите на охриѓани и гостите.
Во 23:55 лесен Џез и добар Фанк е гласна музика(неслушлива надвор од објект)и те опоменвет да намалиш зш било прегласно и лошо за околните жители и објекти.
Во 1:30 ечит турбо фолк и некој се учит да пејт е то е тамн нит е гласно нит е лошо за околината,тук изгледа пубо се спијат.
За звуците од преку езеро и од езеро ич не ни сакам да спомвам.
Даљ некош и ние ко еснаф а и надлежните ќе собериме сили и сфатиме шо ќе го раздвижит појке ноќниот живот иљ уш 100 години ќе се меткаме со стратегии и празни муабети?!
Со обеќајна вака ќе прајме, така ке прајме.
Сите знајме дек борбата за профит е битна ама пак требит и да сфатиме дек Охрид не е само за денес и за моментов,не ни е поклон даен.
Требит и да му вратиме со поголемо внимание.
Наместо трендовски да се понашаме можда е пубо да се подумаме и да сфатиме шо сакаме,каков ноќен живот, каков денски помин.
Дал ќе му отстапиме место на шундот ил ќе пробаме(бар тие шо сме во централното градско подрачје)да ја спушчиме лопката и се свртиме кун друг вид музика,кун традицијата,кун Охридските староградски звуци,соулот,фанкот,џезот….
Да ги стишаме прегласните децибели и да го клајме на Офф нападот на сетилата ама и да ги “остајме без работа”тие шо се надлежни подеднакво да го спроведвет редот кј сите.
Да им дајме можност на сите шо се во градов и да се забавјет и да одморет.
Да си дајме и ние шанса да истераме едно квалитетно лето.
(Ова мое лично мислејне не е од сега го повторвам често години наназад и ќе го пофторвам дур требит)
Фејсбук статус
Буде, Аквариус