Младиот и добро познат Боби Мојсовски како добтиник на ГРАН ПРИ на фестивалот „Славјански базар“ во 2012 на 16 јули ќе се појави во ревијалната вечер на истиот фестивал.
На минување Боби ни раскажа дека таму ќе има учесници од 30 држави и дека потоа го чекаат други куп обврски.
Растргнат е меѓу желбата што побрзо да го докрајчи Филолошкиот факултет во Скопје или да патува на турнеја во Полска.
Го прашавме Боби за соработката со младиот гитарист Мартин Милески , дали има слободно време летово а тој ни кажа дека дружбата со луѓето, пријателите му е нешто најубавото овде.
Зборувавме за новите синглови и албум и за ред други нешта- слушнете со клик на линкот подлу
Разговараше: Милчо Јованоски, Публицитет.мк