
Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид повторно во акција, после минатонеделниот онлајн натпревар “Балткуп Опен 2021”, на кој натпреварувачите освоије 9 медали, овај викенд после долго време ќе настапат во живо на Меѓународниот А класа Таеквондо ИТФ натпревар “Бугарија Опен” кој ќе се одржи во Пловдив на 26-27 јуни.
Марјанчо Лазаревски претседател и тренер на клубот ни изјавува дека после нецели две години повторно се враќаме на татамите и се надеваме дека ќе успееме да освоиме некој медал, познато ни е дека во Бугарија подолго време течат натпреварите и дека овој е еден од најјаките натпревари во југоисточна Европа, но тоа нема никакво влијание на нашите натпреварувачи, се надевам дека нивното искуство се уште е на солидно ниво Подготовките течеа со добро темпо , па се надеваме на успех, Исто така еден од најдобрите поединци на С. Македонија, Давид Велковски кој 2019 стигна до полуфинале на Светското првенство ќе учествува со повреда и во повозрасна категорија –сениори, каде го чека тешка кокуренција. Воедно Лазаревски користи прилика да изрази најголема благодарност до нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, без кого не би можеле да учествуваат на овие врвни натпревари и да освојуваат награди.
Публицитет.мк






