
Душица Мрѓа, новинар и уредник во ТВ 24
25.06.2021 нов роденден, нов круг околу сонцето. Нов роденден и многу различен од сите досегашни. Роденден, којшто јас го доживувам како нов среќен почеток по едно ненадејно “цунами” на приватен план. Роденден којшто го дочекувам многу позрело, посериозно, со јасно исцртани животни приоритети. Приоритети кои што ништо не може да ги помести. Родендените, се убава можност да се повлече линија, да се направи пресметка со животот
На 16,18 ,20,25,30,35..ми беше најбитна каква ќе биде “журката”, што ќе облечам, какви подароци ќе добијам..

На 39 најбитно ми кој е до мене, односно луѓето што ми се најбитни на светот да бидат до мене. Затоа што нема ништо подобро кога сите мои луѓе се тука, живи и здрави. Тоа ми е најголемиот подарок. Тоа и ќе го посакам кога ќе ги дувнам свеќичките. Опкружена со многу љубов, со најгласната честитка од мојот 4,5 годишен внук Нејтан-“Хепи брдејјјјј тетаааа”, со шегите на сестра ми Маја дека секогаш ќе бидам постара од неа
со мирисот од букетот ружи (моето омилено цвеќе) од сопругот, со вкусот на овошната торта со јагоди направена од мајка ми, со насмевката од шегите на татко ми, со чудењето на зет ми за да ја сфати галамата на македонски роденден
И ништо повеќе од тоа не ми треба. Токму за ова ќе му се заблагодарам на животот додека наздравувам со чаша убаво бело вино, а низ глава ми се мотаат култните стихови на легендарниот Влатко Стефановски : “Чукни во дрво, вистина е Надвор е пролет, живи сме..”
Публицитет.мк







