• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Галерија „Букефал“: Во галериите „Сотби“ низ светот се вртат милиони

мај 23, 2016
in Во светот на уметноста

Пред 272 година во Лондон е основана аукциската куќа “Сотби”

На 11 март 1744 година во Лондон, книжарот Самуел Бејкер ја основа аукциската куќа “Сотби” (Sotheby’s), и организира продажба на “неколку стотици ретки и вредни книги” од библиотеката на почитуваниот сер Џон Стенли.

Приказната на “Сотби” тргнува од продажба на книги, но продолжува со најдобриот накит и скапоцените уметнички слики и декоративна уметност. Продадените предмети во суштина претставуваат историја на светскиот пазар на уметноста – приказни, полни со неверојатни факти и настани, кои продолжуваат да го привлекуваат вниманието на целиот свет.

nujork

Во 1955 година отворено е одделение во Њујорк. Филијалите потоа се откриени во Париз, Лос-Анџелес, Цирих, Торонто, Мелбурн, Минхен, Единбург, Јоханесбург, Хјустон и Фиренца.

Кон почетокот на 1980-тите години “Сотби” практично банкротира поради започнатата економска криза. Во 1983 година, куќата е продадена на американскиот претприемач А. Алфред Таубман, сопственик на голем синџир продавници во САД.

sotbi wujork

Во 1998 година Таубман ги заработува акциите на “Сотби” на берзата. Иновација е воведување на услугата BidNow, преку која корисниците можат да ја следат секоја аукција на “Сотби” и да земат учество на тендерот, во реално време на интернет од каде било во светот.

На пример лани есента сликата на Пабло Пикасо “Lа Gommeuse” продадена е за речиси 67,5 милиони долари на аукција на “Сотби” во Њујорк, кога се понудени 122 дела на познати уметници, меѓу кои и на Ван Гог.

325081 slikata na pikaso prodadena za 75 milioni dolari

Есенската аукција на “Сотби” во Њујорк, почна  со продажбата на 77 уметнички дела во сопственост на колекционерот Алфред Таубман.

Аукциската куќа соопшти дека вкупната проценета вредност на неговата колекција е 500 милиони долари.

Актот на Пикасо, насликан во 1901 година, чија вредност пред аукцијата е проценета на над 60 милиони долари, припаѓа на неговиот т.н. син период.

sotbi naslovna

Сликата на Ван Гог “Пејзаж под бурното небо” беше продаден за повеќе од 54 милиони долари, додека рекордниот износ платен за едно негово дело е 82,5 милиони долари.

Делото на импресионистичкиот сликар Клод Моне “Водени лилјани”  беше продаден на аукција за 33,8 милиони долари.

Сликата на Ендиј Ворхол „Двоен Елвис“ продадена е за 37 милиони долари на аукција во Њујорк, а делата на Рој Лихтенштајн и на кинескиот дисидент Ај Вејвеј ги соборија сопствените рекорди на аукцијата на дела на современата уметност во „Сотби“.

„Девојката која спие“ на Лихтенштајн, слика на жена со затворени очи и костенлива коса, е продадена за 44.882.500 долари, додека порцеланската слика „Семки на сончоглед“ на Вејвеј, тешка еден тон, е продадена за 782.500 долари.

Минатата недела, аукциската куќа ја продаде „Крик“ на Едвард Мунк за 119,9 милиони долари, правејќи од него најскапо уметничко дело некогаш продадено на аукција.

elvis

Портретот „Елвис Присли“ на Ворхол е проценет од 30 до 50 милиони долари и прв е „Двоен Елвис“ што се појави на пазарите од 1995 година.

Рекорд за еден Ворхол е 71,7 милиони долари за сликата „Зелена сообраќајна несреќа – зелен автомобил во пламен I“, што во 2007 година беше продадена во Кристи.

„Девојка“ на Лихтенштајн е една во серијата секси стрип слики што уметникот ја работел во текот на 1960-тите години. Делото е само еднаш изложено во Музејот на современа уметност во Лос Анџелес во 1989-90 година и на продажба ја ставија колекционерите Битрис и Филип Герш.

Претходниот рекорд за Лихтенштајн го држеше сликата продадена во ноември за 43,2 милиони „Можам да ја видам целата соба!… И така нема никој!.

„Семки“ на Вејвеј е една од десетте инсталации на керамички семки аранжирани во различни форми. Семките биле изложени во британскиот музеј Тејт Модерна во 2010 година.

Претходниот рекорд на Вејвеј е 657.000 долари за неговиот „Лустер“,што е продаден во Сотби во 2007 година. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 147
Share
Previous Post

Во Охрид од 20-22 мај се одржа 54 Државна изложба на фотографии “Денови на македонската фотографија”.

Next Post

Некои птици се умни како мајмуните

Next Post

Некои птици се умни како мајмуните

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 147

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk