• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Во Охрид од 20-22 мај се одржа 54 Државна изложба на фотографии “Денови на македонската фотографија”.

мај 23, 2016
in Тикер

  „Денови на македонската фотографија“ е традиционална манифестација во организација на Фото сојузот на Македонија, а оваа година во соорганизација на Фото клубот “Охрид“ од Охрид, која преку изложби, предавања и работилници имаше за цел да ја популаризира фотографијата и да го прикаже творештвото на македонските автори во претходната година.

Програмата  се одвиваше во Галеријата на Центарот за култура “Григор Прличев“, како и во Институтот за филм, Филмска Академија Охрид (ФИОФА).

dimce copy    dimce 3

Во петокот вечерта започна со проекција на документарен филм за Вивиен Маер во Институт за филм, Филмска Академија Охрид (ФИОФА) – Охрид  и продолжи со дружење на учесниците. Активностите продолжија следниот ден со блок презентации и видеа за фотографите Цветан Гавроски, Боро Рудиќ, Александар Кондев, Љупчо Илиевски, Фото кино клубот “Битола” како и презентации на колекции на автори кои во минатата  година добија звање Ф1 ФСМ  и проекции на краток докуметарен филм – “Dark Light: The Art of Blind Photographers”.

dimce 1      dimce 2

Фотографии: Димче Коруноски

Вечерта во 20.00 часот во Домот на културата беше отворена изложбата на фотографии “Денови на македонската фотографија”-2016. На самиот конкурс пристигнаа 244 фотографии од 56 автори, а од страна на жирито составено од Проф.д-р Цветан Гавроски Мајстор на фотографија при ФСМ, Владимир Арсовски кандидат мајстор на фотографија при ФСМ и вонр.проф. м-р Ладислав Цветкоски од Факултет за Ликовни уметности – Скопје за изложбата беа примени 76 фотографии од 33 автори како во сениорска така и во младинска конкуренција. На изложбата беа застапени фотографии на фотографи од фото клубовите: ФК Елема од Скопје, ФК  Битола од Битола, ФКК Чкрап од Тетово ФКК Козјак од Куманово, ФК Охрид од Охрид како и од самостојни автори, а на најдобрите во сениорска и младинска конкуренција им беа доделени награди и дипломи.

boro

Автор: Борче Сиљаноски од Тетово  ВО СВОЈОТ КРУГ – Прва награда   Авторот за жал починал неколку денови по испраќањето на фотографијата на конкурсот 

Неделата беше предвидена за фотографирање и  дружење на учесниците. Организациониот одбор на 54 денови на Македонска фотографија го сочинуваа Боро Рудиќ – претседател на ФСМ, Кирил Штрков – секретар на ФСМ и членовите на ФСМ Александар Кондев, Драги Неделчевски, Горан Цветковски, Зоран Вељаноски Летра, Лазар Коњановски и Димче Коруноски.

kondev

Фото: Александар Кондев 

Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам  за соработката на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид и  Институт за филм, Филмска Академија Охрид (ФИОФА) – Охрид и посебно на Членовите на фото клуб Охрид : Зоран Велјаноски, Лазар Коњаноски, Ѓоко Симјаноски, Љупчо Паункоски и Борче Чакалоски за организацијата на оваа манифестација, вели новиот претседател на ФК Охрид Димче Коруноски. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 181
Share
Previous Post

Александар Крстевски – Охрид „Залез и сенки“

Next Post

Галерија „Букефал“: Во галериите „Сотби“ низ светот се вртат милиони

Next Post

Галерија „Букефал“: Во галериите „Сотби“ низ светот се вртат милиони

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 181

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk