АЛПОЈО Охрид: Денеска е Светски ден на ЏИН – от пијалкот за сите времиња
Светскиот ден на џинот е ден за славење на духот на овој ненадминат пијалак. На Светскиот ден на џинот, ги...
Read more
Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи кај исцрпеност, потхранетост, за регулирање на столицата, за крвен притисок и циркулација.
Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи.
Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг капини
1,5 кг шеќер
Исчистени и измиени капини се редат во поголема шерпа и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.
Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место. Оставете го да отстои една седмица.
https://nmd.mk/wp-content/uploads/2019/07/IMG_9257-300x161.jpg 300w" sizes="(max-width: 640px) 100vw, 640px" style="box-sizing: border-box; max-width: 100%; height: auto; margin: 0px 5px; display: inline-block;">
Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.
Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.
Дали сте знаеле дека лек за настинка може да биде и виното? Дека ја ублажува кашлицата и е препорачливо да се конзумира при вироза која е честоа појава на ова променливо време?
Умерено редовно пиење на вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип. Ова го докажале научниците во истражувањето кое е спроведено пред неколку години на Универзитетот во Окланд. Утврдено е дека луѓето кои редовно конзумираат намирници богати со флавониди ретко се разболуваат.
Виното, како и зелениот чај содржи доста антиоксиданти кои ги ублажуваат воспалителните процеси во телото и ја зајакнуваат отпорноста на инфекциите. Може да се напиете неколку чаши вино, по можност после оброк.
Француски рецепт за вино против настинка
-0,75 литри црвено вино
-10 гр цимет
-4 лажички шеќер
Измешајте ги состојките и гответе на пареа. Полека загрејте го виното на температура од 60ºC. Пред служење можете да нарендате кора од лимон. Оваа количина на готвено вино е доволна за два дена. Лековитото вино пијте го три пати во текот на денот. На здравје!
Публицитет.мк
Светскиот ден на џинот е ден за славење на духот на овој ненадминат пијалак. На Светскиот ден на џинот, ги...
Read moreErylite Stevia кристалниот засладувач е идеален за готвење и печење. Додадете Erylite Stevia едноставно 1:1 како шеќерот. Erylite Stevia кристалниот засладувач засладува како шеќерот,...
Read moreСлично на ксилитол, еритрол е (ерѕтхрол) еден од шеќерните алкохолли, кој содржи уште помалку калории. Со само 0,24 калории на...
Read moreНеодлив вкус со убави желби на тие на кои ќе им ги подарите ексклузивно кај нас во ALPOJO-Liquor & Spice Store ...
Read moreВо пресрет на матурските прослави,наша препорака е да честитате и да прославите со пенливите вина од широката понуда во ALPOJO...
Read moreВремето на матури е пред нас. За средношколците, матурската прослава значи збогување со безгрижноста и влегување во периодот на зрелоста и...
Read moreАлпојо Охрид - since 1993. Производство и преработка на прашкасти и зрнасти производи. Среќен Први мај. На овој линк погледајте ја...
Read moreХристос воскресе! Навистина воскресе! За многу години наши пријатели, порадосни, повесели, побројни и догодина да си го честитаме Велигден во...
Read moreГолемиот христијански празник Велигден дочекајте го со вкусен козињак направен по традиционален рецепт со суво грозје од АЛПОЈО. Кај нас...
Read moreМакот, или афионово семе, се употребува за подготовка на разни видови пекарски производи. Наоѓа голема примена во домаќинството. Многу велигденски...
Read morewww.publicitet.mk
ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД
Контакт: 075 337 010, е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com
Техничка реализација: ArkaHost
©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ |
© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk