Убавина и здравје

 

Како се прави вино од капини како лек за холестерол, циркулација, Паркинсонова болест и Алцхајмер

Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи кај исцрпеност, потхранетост, за регулирање на столицата, за крвен притисок и циркулација.

Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи.

Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 кг капини
1,5 кг шеќер

 

Исчистени и измиени капини се редат во поголема шерпа и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.

Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место. Оставете го да отстои една седмица.

https://nmd.mk/wp-content/uploads/2019/07/IMG_9257-300x161.jpg 300w" sizes="(max-width: 640px) 100vw, 640px" style="box-sizing: border-box; max-width: 100%; height: auto; margin: 0px 5px; display: inline-block;">

Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.

Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.

 

 

Дали сте знаеле дека лек за настинка може да биде и виното? Дека ја ублажува кашлицата и е препорачливо да се конзумира при вироза која е честоа појава на ова променливо време?

Умерено редовно пиење на вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип. Ова го докажале научниците во истражувањето кое е спроведено пред неколку години на Универзитетот во Окланд. Утврдено е дека луѓето кои редовно конзумираат намирници богати со флавониди ретко се разболуваат.

Виното, како и зелениот чај содржи доста антиоксиданти кои ги ублажуваат воспалителните процеси во телото и ја зајакнуваат отпорноста на инфекциите. Може да се напиете неколку чаши вино, по можност после оброк. 

Француски рецепт за вино против настинка

-0,75 литри црвено вино

-10 гр цимет

-4 лажички шеќер

Измешајте ги состојките и гответе на пареа. Полека загрејте го виното на температура од 60ºC. Пред служење можете да нарендате кора од лимон. Оваа количина на готвено вино е доволна за два дена. Лековитото вино пијте го три пати во текот на денот. На здравје!

 

Публицитет.мк 

Page 28 of 69 1 27 28 29 69