АЛПОЈО – Охрид: Конечно жешко лето – дај кригла пиво (2)
Пијте пиво, за да ја згасните жедта на ова екстремно топло време. АЛПОЈО - Охрид ви ги препорачува пивата: Paulaner vajzen,...
Read more
Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи кај исцрпеност, потхранетост, за регулирање на столицата, за крвен притисок и циркулација.
Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи.
Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг капини
1,5 кг шеќер
Исчистени и измиени капини се редат во поголема шерпа и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.
Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место. Оставете го да отстои една седмица.
https://nmd.mk/wp-content/uploads/2019/07/IMG_9257-300x161.jpg 300w" sizes="(max-width: 640px) 100vw, 640px" style="box-sizing: border-box; max-width: 100%; height: auto; margin: 0px 5px; display: inline-block;">
Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.
Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.
Дали сте знаеле дека лек за настинка може да биде и виното? Дека ја ублажува кашлицата и е препорачливо да се конзумира при вироза која е честоа појава на ова променливо време?
Умерено редовно пиење на вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип. Ова го докажале научниците во истражувањето кое е спроведено пред неколку години на Универзитетот во Окланд. Утврдено е дека луѓето кои редовно конзумираат намирници богати со флавониди ретко се разболуваат.
Виното, како и зелениот чај содржи доста антиоксиданти кои ги ублажуваат воспалителните процеси во телото и ја зајакнуваат отпорноста на инфекциите. Може да се напиете неколку чаши вино, по можност после оброк.
Француски рецепт за вино против настинка
-0,75 литри црвено вино
-10 гр цимет
-4 лажички шеќер
Измешајте ги состојките и гответе на пареа. Полека загрејте го виното на температура од 60ºC. Пред служење можете да нарендате кора од лимон. Оваа количина на готвено вино е доволна за два дена. Лековитото вино пијте го три пати во текот на денот. На здравје!
Публицитет.мк
Пијте пиво, за да ја згасните жедта на ова екстремно топло време. АЛПОЈО - Охрид ви ги препорачува пивата: Paulaner vajzen,...
Read moreПијте пиво, за да ја згасните жедта на ова екстремно топло време. АЛПОЈО - Охрид ви ги препорачува пивата: Paulaner vajzen,...
Read moreПобарајте ХАЈНЕКЕН во дисконтот на АЛПОЈО - Охрид. Чаша пиво за убав ден . Хајнекен од 0.33 и 0.5 ...
Read moreПо долгиот летен ден или по пливањето на плажа, можете да се освежите со италијански коктел кој потекнува од Падова....
Read moreСпоред Светската асоцијација на бармени, еве ги најубавите летни коктели, кои можете да си ги приготвите дома, за освежување од...
Read moreСода бикрабоната е моќен прашок кој може да ви помогне за многу нешта, од лекување - до длабинско чистење на...
Read moreВо трговската мрежа побарајте пченица спакувана во препознатливата амбалажа со знакот на АЛПОЈО - Охрид. ченица е древна житарка, се...
Read moreБарем еднаш неделно леќата нека биде дел од вашето мени - побарајте Леќа пакувана возаштитната амбалажа на АЛПОЈО - Охрид. ...
Read moreДисконтот за пијалаци на големо и мало им обезбедува на нашите клиенти најширок спектар на алкохол, пиво, вино, енергетски и...
Read moreВо трговската мрежа побарајте АРОНИЈА со заштитниот знак АЛПОЈО - Охрид. Шумските овошја се познати по нивната богата хранлива вредност...
Read morewww.publicitet.mk
ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД
Контакт: 075 337 010, е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com
Техничка реализација: ArkaHost
©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ |
© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk