МЕРИФАРМ – Охрид во служба на Вашата убавина
На ваше барање повторно во нашата аптека - На 22 и 23 мај, презентација на веќе докажаните со квалитет козметичкии...
Read more
Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи кај исцрпеност, потхранетост, за регулирање на столицата, за крвен притисок и циркулација.
Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи.
Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг капини
1,5 кг шеќер
Исчистени и измиени капини се редат во поголема шерпа и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.
Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место. Оставете го да отстои една седмица.
https://nmd.mk/wp-content/uploads/2019/07/IMG_9257-300x161.jpg 300w" sizes="(max-width: 640px) 100vw, 640px" style="box-sizing: border-box; max-width: 100%; height: auto; margin: 0px 5px; display: inline-block;">
Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.
Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.
Дали сте знаеле дека лек за настинка може да биде и виното? Дека ја ублажува кашлицата и е препорачливо да се конзумира при вироза која е честоа појава на ова променливо време?
Умерено редовно пиење на вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип. Ова го докажале научниците во истражувањето кое е спроведено пред неколку години на Универзитетот во Окланд. Утврдено е дека луѓето кои редовно конзумираат намирници богати со флавониди ретко се разболуваат.
Виното, како и зелениот чај содржи доста антиоксиданти кои ги ублажуваат воспалителните процеси во телото и ја зајакнуваат отпорноста на инфекциите. Може да се напиете неколку чаши вино, по можност после оброк.
Француски рецепт за вино против настинка
-0,75 литри црвено вино
-10 гр цимет
-4 лажички шеќер
Измешајте ги состојките и гответе на пареа. Полека загрејте го виното на температура од 60ºC. Пред служење можете да нарендате кора од лимон. Оваа количина на готвено вино е доволна за два дена. Лековитото вино пијте го три пати во текот на денот. На здравје!
Публицитет.мк
На ваше барање повторно во нашата аптека - На 22 и 23 мај, презентација на веќе докажаните со квалитет козметичкии...
Read moreЗа средношколците, матурската прослава значи збогување со безгрижноста и влегување во периодот на зрелоста и возрасните. Овие денови дозволена е...
Read moreДваесет генерации зад нас и уште многу пред нас! Бутиците „Емили“ во Охрид и Струга на сите матуранти Ви го...
Read moreВи препорачуваме: Јадете 50 грама Семки на ден, наместо да пиете магнезиум прашок. Семето од тиква е состојка која е...
Read moreАптеката „Мерифарм“ мисли и на убавината на мажите. За сите софистицирани мажи кои внимаваат на својот изглед и воедно ги...
Read moreИако студијата не се занимавала со истражување на механизмите кои ја создаваат врската помеѓу крвната група и ризикот од срцев...
Read moreАко сте решиле да држите диета многу производи ќе најдете со знакот на АЛПОЈО. Познатиот нутриционист Ен Луис Гителман решава...
Read moreИстражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон, соопштија дека е можно да се лечи главната причина за трајно слепило пред луѓето...
Read moreВнимание Вашето бебе заслужува најголемо внимание. Со нежниот допир на мама и висококвалитетните препарати од брендот МУСТЕЛА до здраво негувана...
Read moreЛимонада со ѓумбир за детоксикација и забрзување на метаболизмот Познато е дека лимонот и ѓумбирот се главни сојузници за заштита...
Read morewww.publicitet.mk
ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД
Контакт: 075 337 010, е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com
Техничка реализација: ArkaHost
©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ |
© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk