АЛПОЈО – Охрид: наш предлог пијте лимонада од ѓумбир и јадете босилек
Лимонада со ѓумбир за детоксикација и забрзување на метаболизмот Познато е дека лимонот и ѓумбирот се главни сојузници за заштита...
Read more
Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи кај исцрпеност, потхранетост, за регулирање на столицата, за крвен притисок и циркулација.
Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи.
Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг капини
1,5 кг шеќер
Исчистени и измиени капини се редат во поголема шерпа и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.
Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место. Оставете го да отстои една седмица.
https://nmd.mk/wp-content/uploads/2019/07/IMG_9257-300x161.jpg 300w" sizes="(max-width: 640px) 100vw, 640px" style="box-sizing: border-box; max-width: 100%; height: auto; margin: 0px 5px; display: inline-block;">
Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.
Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.
Дали сте знаеле дека лек за настинка може да биде и виното? Дека ја ублажува кашлицата и е препорачливо да се конзумира при вироза која е честоа појава на ова променливо време?
Умерено редовно пиење на вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип. Ова го докажале научниците во истражувањето кое е спроведено пред неколку години на Универзитетот во Окланд. Утврдено е дека луѓето кои редовно конзумираат намирници богати со флавониди ретко се разболуваат.
Виното, како и зелениот чај содржи доста антиоксиданти кои ги ублажуваат воспалителните процеси во телото и ја зајакнуваат отпорноста на инфекциите. Може да се напиете неколку чаши вино, по можност после оброк.
Француски рецепт за вино против настинка
-0,75 литри црвено вино
-10 гр цимет
-4 лажички шеќер
Измешајте ги состојките и гответе на пареа. Полека загрејте го виното на температура од 60ºC. Пред служење можете да нарендате кора од лимон. Оваа количина на готвено вино е доволна за два дена. Лековитото вино пијте го три пати во текот на денот. На здравје!
Публицитет.мк
Лимонада со ѓумбир за детоксикација и забрзување на метаболизмот Познато е дека лимонот и ѓумбирот се главни сојузници за заштита...
Read moreПрезентација на сертифицирана органска козметика од познатите производители Д- р Хаушка, Биодерма и Roc, како и бесплатно скенирање на вашата...
Read moreСветската здравствена организација ни дава неколку прехранбени насоки кои овозможуваат важни совети за исхраната, а тие вклучуваат енергетско хранливи препораки,...
Read moreПочувствувајте ги благодетите на природните еликсири преточени во фармацевтски облици со цел да се зголеми вашата виталност и убавина. Да...
Read moreВо ДНК кодот на една жена е да се чувствува среќна кога ќе се погледне дека е убава во огледало....
Read moreНема ништо поубаво од тоа на некое јадење да му се додаде зачин кој сте го купиле на пазар или...
Read moreПовеќето луѓе кои се трудат да изгубат телесна тежина, се борат да престанат да јадат доцна во ноќта. Мал дел...
Read moreВо рубриката УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ ви ги претставуваме лековитите својства на синапот. Прочитајте и во најблискиот маркет побарајте го семето...
Read moreВо продажната мрежа побарајте пакувања чубрица со знaкот на АЛПОЈО. Чубрицата е ароматична билка. Се употребува како зачин особено кај...
Read moreЗа добро да се одржи кардиоваскуларниот систем, нема ништо подобро од качување по скали, смета Д-р. Алан Фреј, шеф на...
Read morewww.publicitet.mk
ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД
Контакт: 075 337 010, е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com
Техничка реализација: ArkaHost
©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ |
© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk