Студентка од Австралија пронајде потенцијален лек за Алцхајмеровата болест
Хана Сатон, студентка од Тасманија, Австралија, е една од вкупно 26-те победници на „ BHP Billiton Science and Engineering Awards“....
Read more
Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи кај исцрпеност, потхранетост, за регулирање на столицата, за крвен притисок и циркулација.
Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи.
Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг капини
1,5 кг шеќер
Исчистени и измиени капини се редат во поголема шерпа и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.
Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место. Оставете го да отстои една седмица.
https://nmd.mk/wp-content/uploads/2019/07/IMG_9257-300x161.jpg 300w" sizes="(max-width: 640px) 100vw, 640px" style="box-sizing: border-box; max-width: 100%; height: auto; margin: 0px 5px; display: inline-block;">
Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.
Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.
Дали сте знаеле дека лек за настинка може да биде и виното? Дека ја ублажува кашлицата и е препорачливо да се конзумира при вироза која е честоа појава на ова променливо време?
Умерено редовно пиење на вино може да помогне дури и кај бронхитис и грип. Ова го докажале научниците во истражувањето кое е спроведено пред неколку години на Универзитетот во Окланд. Утврдено е дека луѓето кои редовно конзумираат намирници богати со флавониди ретко се разболуваат.
Виното, како и зелениот чај содржи доста антиоксиданти кои ги ублажуваат воспалителните процеси во телото и ја зајакнуваат отпорноста на инфекциите. Може да се напиете неколку чаши вино, по можност после оброк.
Француски рецепт за вино против настинка
-0,75 литри црвено вино
-10 гр цимет
-4 лажички шеќер
Измешајте ги состојките и гответе на пареа. Полека загрејте го виното на температура од 60ºC. Пред служење можете да нарендате кора од лимон. Оваа количина на готвено вино е доволна за два дена. Лековитото вино пијте го три пати во текот на денот. На здравје!
Публицитет.мк
Хана Сатон, студентка од Тасманија, Австралија, е една од вкупно 26-те победници на „ BHP Billiton Science and Engineering Awards“....
Read moreАко продолжи сегашниот тренд, за нешто повеќе од три децении, половина од населението на Земјата ќе биде кратковидо, а една...
Read moreСемките од сончогледот се многу здрави за целиот организам. Тие содржат многу хранливи и корисни состојки. Сончогледови семки се богати...
Read moreЗад физиотерапевтот Арслан Сулејман е релативно долг стаж во оваа област или како што сакаме често да кажеме минат труд. ...
Read moreВо рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид на 20 февруари (сабота) организира еднодневна планинарска тура...
Read moreВитамините и минералите во рибите заштитуваат од срцеви болести и мозочни удари, а сега е откриено дека оваа храна е...
Read moreГазираните сокови се штетни. Сигурно, ова сте го чуле безброј пати. Но, што навистина се случува со телото кога...
Read moreСемето од тиква е состојка која е составен дел од кулинарството, и исто така се користи за медицински третмани....
Read moreВелат „кој рано рани, две среќи граби“ и дека тие (ранобудните) се поздрави, побогати, а со тоа и помудри. Но,...
Read moreАнгелина Блажеска, дипломиран машински инженер, подеднакво храбро чекори и во фабриките и на модните писти. Првите чекори и се...
Read morewww.publicitet.mk
ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД
Контакт: 075 337 010, е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com
Техничка реализација: ArkaHost
©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ |
© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk