• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Чалгии ќе свират во Охрид и Ресен

септември 14, 2015
in Тикер

Групата „Шурбевски Езгија трио“ и кларинетистот Ацо Тасески ќе оддржат „Вечер на чалгиска музика“ со концерти во Охрид и Ресен.

Охриѓани ќе имаат ретка прилика да уживаат во звуците на традиционалната чалгиска македонска музика на 18.09.2015 (петок) во Центарот за култура Григор Прличев-Охрид со почеток од 18 часот по што познатиот вокално инструментален состав ќе настапи во Ресен.

Концертите се реализираат  со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија а имаат за цел да ја зголемат културна понуда на општините.

Езгија трио, е вокално – инструментален состав, кој ја негува македонската традиционална чалгиска музика, формиран е во 2011 година. Ова трио е специфичен состав не само поради инструментите кои се застапени, туку и поради музичкиот стил, различен од другите, а препознатлив сам по себе. Иако овој стил на изразување е во изумирање, овој музички состав е со цел да ја врати македонската чалгија, што во извесен период беше заборавена, а е карактеристичен и препознатлив белег на македонската музика низ вековите која живеела на овие простори.  

Во репертоарот има застапено македонски песни и ора, во звукот на македонска чалгија. Од инструментите застапени се канон, ут, кларинет, тарабука, деф и дајре, карактеристични македонски чалгаџиски инструменти. Канонот е музички инструмент, кој се среќава на овие простори уште од времето на Византија, а сеуште може да се види нацртан по фреските во црквите во Македонија. Препознатлив белег на македонската чалгија е уште од  XVI век. Тарабуката е инструмент кој во себе ја содржи ритмичката делница во чалгискиот состав, без која ритамот би бил сосема поинаков. Се свири со прсти, а мајсторијата на овој инструмент е во што поизразено ситнење на ритмичките обрасци. Кларинетот или попознат како грнета на овие простори во минатото, истотака е дел од македонската чалгија и ја има водечката мелодиска линија во чалгискиот состав.

Членовите на составот се професионални музичари со големо сценско искуство и со голем број на настапи во земјава и надвор од неа.

Публицитет.мк

Посетеност: 153
Share
Previous Post

СВР- Охрид: Намелен е бројот на жртвите во сообраќајот

Next Post

Охрид ќе ја продлабочи соработката со Воден, но и со Солун

Next Post

Охрид ќе ја продлабочи соработката со Воден, но и со Солун

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 153

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk