• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

СВР- Охрид: Намелен е бројот на жртвите во сообраќајот

септември 14, 2015
in Тикер

Во осум месеци од оваа 2015 година,во Охрид е  забележано намалување на бројот на сообраќајните незгоди и бројот на жртви. Во периодот јануари-август годинава, во Охрид се случиле вкупно 216 сообраќајни незгоди во кои две лица ги загубиле животите додека во истиот период лани имало 220 сообраќајни незгоди со четири жртви.

Оттука,  повикуваме на целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и максимален придонес од сите учесници за поголема безбедност и сигурност во сообраќајот, велат во соопштението од СВР – Охрид.

Викендов три лица се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи поради управување автомобил под дејство на алкохол при акциските контроли на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај реализирани  во Охрид.

Полициската станица од сообраќај исклучи и две лица кои управувале автомобил без да стекнат право за управување моторно возило односно без положен возачки испит. Во акциските контроли, сообраќајната полиција регистрирала и шест возачи на моторни возила кои ја пречекориле брзината на движење во населено место односно управувале автомобил со над 30 километри на час повеќе од дозволената.  По тие основи, сообраќајната полиција издала платни налози за наплата на глоба.

Викендов, слични акциски контроли беа реализирани и во Струга каде не се затекнати возачи при управување моторни возила под дејство на алкохол додека вкупно четири лица управувале автомобил во населено место со поголема брзина од дозволената.

Акциските контроли се реализираа со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и подигнување на степенот на безбедносна култура. Вакви и слични акциски контроли и понатака ќе се спроведуваат кон сите учесниците во сообраќајот што ги кршат одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, стои во соопштението од СВР – Охрид.

Фото:Охрид1

Публицитет.мк 

Посетеност: 96
Share
Previous Post

„Последниот Македонец – Патот до истребување” премерно на фестивалот „Браќа Манаки“

Next Post

Чалгии ќе свират во Охрид и Ресен

Next Post

Чалгии ќе свират во Охрид и Ресен

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 96

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk