Честит 11 Октомври Денот на народното востание!
Без Партизаните и НОБ и сонот на Илинденците и на сите револуционери пред и потоа Македонија немаше да ја биде!
Залогот и предизвикот секоја генерација да ја зачува и гради својата татковина е голем.
Во име на оние кои ги дадоа своите животи за неа.
Има многу начини како да се сака и развива Татковината!
Само треба да се сака и ако се сака се’ е можно!
Честит празник драги читатели и посетители на нашиот веб портал.
Во борба, во борба
Со векови окованa во пранги
под ропство пишти Македонија,
појќе не трпиме бесчесни лаги
во бој последен БОРЦИ влегоа!
РЕФ:
Во БОРБА ,во борба,во борба,
македонски народе.
За света народна СЛОБОДА
Со песни и радост се мрее!
Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее
во гори,полја и на сите страни
фашистичка крв насекаде се лее.
Синови сме на нашата ТАТКОВИНА
на Илинденските наследници
строиме живот, слобода, иднина,
за ,жени, деца, старци, младинци.