• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 22, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

Тоа беа години: „Честитки – Клиф Ричард“

мај 15, 2019
in Тоа беа години
Тоа беа години: „Честитки – Клиф Ричард“

rah 26002392248

 

Синоќа со настапот на 17 земји учеснички во Тел Авив, во рамките на првата полуфинална вечер, започна 64 издание на најмасовниот фестивал на забавна музика во Европа „ Песна на Евровизија“. Како што е познато ,утре во втората полуфинална вечер настап ќе има и претставничката на Северна Македонија , Тамара Тодевска со композицијата “ Гордост“.

Според правилата по гласањето од првата и втората полуфинална вечер , ќе бидат избрани по десет компзиции кои заедно со уште шест земји (домаќинот Израел и петте директни учеснички: Германија, Шпанија,Италија, Франција и Англија) во сабота ќе се натпреваруваат за најдобра Евровизиска песна за 2019 година. Со надеж дека во големото финале ќе настапи и нашата претставничка, овој настан ќе го искористиме за потсетување на една композиција која беше изведена во далечната 1968 година на овој фестивал кој таа година на 6.април,се одржуваше во Лондон во познатиот Ројал Алберт Хол откако во предходната 1967 година победи Сенди Шо , преставничката на Англија, со композицијата „ Кукла на конец“.

Во таа 1968 година боите на Англија ги бранеше тогашната голема ѕвезда  Клиф Ричард со композицијата „ Честитки“ Тој беше голем фаворит за да го повтори успехот на неговата колешка Сенди Шо, но на крајот мораше да се задоволи со освојување на второто место.Првото и’ припадна на композицијата “ Ла Ла Ла“во изведба на Масиел, преставник од Шпанија.

Музиката за композицијата „ Честитки“ ја напишал Фил Култер а нејзиниот наслов бил „Мислам дека те сакам“. Но, тексто не му се допаднал и побарал помош од Бил Мартин (кој бил автор на текстот за предходниот победник„ Кукла на конец“). Насловот на новата песна гласел „ Честитки“.

Песната веднаш станала  популарна во Велика Британија и станала број еден сингл. На денот на натпреварот, таа  била фаворит за победа, толку многу што британскиот печат го поставувала прашањето: “Кој ќе биде втор по „ Честитки“?

Арно ама,за време на гласањето, “Честитки” водела во поголемиот дел од гласањето се’до претпоследното гласање кога Германија й доделила на  Шпанија шест поени, со што имале еден глас предност пред Обединетото Кралство што било доволно шпанскиот преставник да победи со композицијата „ Ла Ла Ла“.

Но “Честитки” станаа многу поуспешна песна и голем хит низ цела Европа за разлика од победничката песна на Шпанија.

 Во 2008 година, режисерот на документарни филмови  Монтес Фернандес Вила, тврдел дека загубата на првото место на Песната На Евровизија во 1968 година  била резултат на фалсификување на шпанското гласање од страна на државната телевизија во име на државата на Франко. Меѓутоа, Хозе Марија Ињиго , лицето што ги изнело ваквите тврдења во документарецот, набрзо изјавил дека неговите зборови биле извадени од контекст и дека каналот што го продуцирал документарецот кој беше промотор на шпанскиот претставник во  таа 2008 година, Родолфо Чикиликуатре , ги манипулирал неговите зборови за да помогне во промовирањето на нивниот кандидат. 

Песната„Честитки“ е сеуште популарна и беше избрана како насловна песна  во  шоуто кое ги прославуваше 50 години Евровизија и кое беше именувано по него:  „Честитки: 50 години на Евровизискиот натпревар“ . Шоуто беше одржано во Копенхаген  на 22. октомри , кога беа изведени 14 композиции од кои 13 некогашни побеници на овој фестивал а композицијата „ Честитки “ беше изведена на почетокот надвор од конкуренција бидејќи таа беше единствената која не победила на Евровизија . Овој потег на организаторите секако говори за големиот успех на песната како и за неправдата која ја доживеа во 1968 година.

Исто така, Клиф Ричард ја изведе песната како дел од комеморациите за 50-годишнината од Денот на победата во 1995 година, и покрај тоа што таа  е создадена  многу години по крајот на Втората светска војна .

Потсетување на Евровизија 1968 година и второпласираната песна „ Честитки“ во изведба на Клиф Ричард.

 

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 116
Share
Previous Post

Градоначалникот на општина Дебрца Ногачески доби награда за најдобри практики за заштита на животната средина.

Next Post

Пофалби за најмладите изучувачи на францускиот јазик во ОУ „Дебрца“

Next Post
Пофалби за најмладите изучувачи на францускиот јазик во ОУ „Дебрца“

Пофалби за најмладите изучувачи на францускиот јазик во ОУ „Дебрца“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 116

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk