• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Четири милиони евра: Партнерство на ГГФ со Охридска банка за поттикнување на еко-кредитирање

септември 22, 2015
in Тикер

*Финансирањето од ГГФ го проширува капацитетот на Охридска банка, Групација Сосиете Женерал, за проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија, осврнувајќи се на потребата на Македонија за подобрување на енергетскиот биланс.

*Кредитите одобрени од оваа инвестиција треба да придонесат во проектираната годишна заштеда на енергија од над 24.000 мегаватчасови и редуцирање CO2 од над 7.500 тони

Фондот Грин фор гроутх (Green for Growth Fund), Jугоисточна Европа (ГГФ), обезбедува 4 милиони евра за финансирање на Охридска банка, Групација Сосиете Женерал (ОБСГ). Македонија увезува над 40 проценти од својата примарна енергија; речиси 80 проценти од производството на електрична енергија во земјата потекнува од фосилни извори, воглавно јаглен. Како еден од пионерите на пазарот, ОБСГ ја препозна важноста за финансирање на обновлива енергија и енергетска ефикасност и растечкиот потенцијал на овие сегменти. Се очекува дека портфолиото на кредити од ОБСГ за обновлива енергија и енергетска ефикасност кои ќе бидат финансирани од четирите милиони евра обезбедени од ГГФ ќе придонесе кон намалување на потрошувачката на примарна енергија најмалку за 20 проценти. Оваа заштеда пак ќе резултира со годишна заштеда на енергија од над 24.000 мегаватчасови и намалување на јаглеродниот диоксид за над 7.500 метрички тони годишно.

ОБСГ, четвртата по големина универзална банка во земјава, има придобивка од кредитирање на стопанството со пазарен удел од 8,9 проценти и е значаен играч на пазарот за мали и средни претпријатија. Со оглед на тоа што ОБСГ ја следи стратегијата за развој на одржлива структура за финансирање проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност, инвестицијата од ГГФ ќе биде инструмент кој на Банката ќе ѝ овозможи развој на капацитетите за финансирање проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност и ќе претставува поттик за зголемување на инвестициите во овие сегменти во Македонија.

Партнерството ќе биде придружено со проширена поддршка – обезбедена од страна на техничката помош од ГГФ (ГГФ ТАФ) – за развој и имплементација на проекти за обновлива енергија. За осигурување на одржливо кредитирање, ГГФ ТАФ ќе асистира и во имплементација на еколошки и социјални аспекти и ќе го надгледува портфолиото на кредити за енергетска ефикасност на ОБСГ.

„ГГФ со задоволство го објавува партнерството со ОБСГ, финансиска институција со цврста посветеност кон финансирање проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност. Со својот клиентски пристап и приспособена кредитна понуда, ОБСГ ефикасно одговара на потребите на бизнисите во земјата и придонесува кон максимирање на влијанието на ГГФ во региониот“ – рече Кристофер Ноулс, претседател на „Green for Growth“, Југоисточна Европа.

„Зголемувањето на побарувачката за природни ресурси, урбанизацијата и важноста на животната средина создаваат растечка потреба за инвестирање во енергетска ефикасност и обновлива енергија. Енергетската ефикасност и обновливата енергија даваат огромни економски и еколошки придобивки, поради што веруваме дека постои речиси неограничен потенцијал за проекти од овој вид. Благодарение на ГГФ, Охридска банка сега има поголем капацитет да продолжи со поддршка на проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност, помагајќи на тој начин за зголемување на продуктивноста на економијата и засилување на тразицијата кон просперитетна нискојаглеродна иднина“ – рече Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка, Групација Сосиете Женерал.

Извор: Фактор.мк 

Посетеност: 113
Share
Previous Post

ПУБЛИЦИТЕТ.МК – ЕДЕН ДЕН НА ФЕСТИВАЛОТ „МАНАКИ“ ВО БИТОЛА (фотогалерија)

Next Post

Есента пристигна

Next Post

Есента пристигна

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 113

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk