Четирите земјотреси што вечерва ја погодија Југозападна Македонија, ги вознемирија граѓаните од овој регион, но засега нема информации за повредени или штети во епицентралното подрачје.
Битолчани ги напуштаа своите домови, многумина од нив излегоа пред зградите, некои седеа во своите автомобили, а дел го напуштија и градот.
Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 33 минути, со интензитет од 4,8 степени, вториот од 4,9 степени бешен десетина минути подоцна, и двата со епицентар во близина на кичевското село Вранештица.
Третиот земјотрес беше во 19 и 16 минути во близина на демирхисарското село Слепче, со интензитет од 4,4 степени. Најмал беше потресот на четвртиот земјотрес кај ресенското село Јанкоец од 3,2 степени.
Земјотресите најмногу ги почувствуваа граѓаните кои живеат на погорните катови во зградите.
-На трети кат живеам, многу силно се почувствува, се исплашив многи и седам в кола, ми е страв да се качам
-Силено беше, мебелот се нишаше, вратите се отвораа од земјотресот. Се вознемиривме, еве сме надвор пред зграда сега
-Овде ќе седиме сега, да не ги чувствуваме другите потреси, оти ако има еден после него ќе има и други земјотреси, велат граѓаните.
По серијата земјотреси, вечерва во Битола имаше невообичаена раздвиженост и сообраќаен метеж, а голем број граѓани и покрај дождот беа излезени на Широк Сокока.
Покрај битолчани потресите ги почуствуаа и жителите на Кичево, Охрид, но и жителите на Скопје, како
и соседна Албанија.
Извор; www.telma.mk