Владимир Четкар го промовираше новиот музички спот за песната ‘Time Goes By’ која се наоѓа на неговиот втор студиски албум ‘Heavenly’.
Видео спотот е сниман на некои од најатрактивните локации на Менхетен, Њујорк и е во режија на Боби Дојчиновски.
Песната ‘Time Goes By’ е комплетно авторско дело на Четкар и е снимана со жива гудачка, дувачка и ритам секција во познатото њујоршкото студио Dubway Studios.
Четкар го очекуваат концерти во Детроит, во петок – 18 Септември во Music Hall Jazz Cafe и во Чикаго, во сабота – 19 Септември во BAR 63.
На концертите Четкар ќе биде придружуван од Хоакин Гарсиас на клавијтури, Кит Лајлс на бас и Густаво Кортинас на тапани.
Погледнете го видеото:
Публицитет.мк