Познатиот македонски џез гитарист и автор, Владимир Василевски Четкар деновиве во Охрид го заврши снимањето за насловната тема на новиот албум ‘Going Home’кое го работи заедно со Борче Димоски.
Сцените за песната ‘Going Home’ се снимаа на повеќе локации во Менхетен како и на плажата Бонанца во Охрид. Промоцијата на видеото ќе се одржи кон крајот на јуни.
Во меѓувреме Четкар патува за САД каде оваа сабота и недела ќе одржи два концерта во Детроит и Кливленд.
На 1 Јуни, в сабота, Владимир Четкар ќе настапи во Детроит во Аретас Џез Клуб, во историскиот Детроит Мјузик Хол, а следниот ден, патува за Кливленд каде ќе одржи концерт во Боп Стоп, водечкиот џез клуб во Охајо.
Концертната промоција на новиот албум пред македонската публика Четкар ќе ја одржи во јули.
Публицитет.мк