„Чист Охрид„ денеска ја одржа својата 12. акција во рамките на самостојните иницијативи. По втор пат беше чистен полигонот за мали спортови откако увидовме дека комуналното претпријатие не презема мерки за чистење на оваа површина.
Беа собрани вкупно 20 вреќи најразличен отпад, меѓу кој најбројни беа пластичните шишиња и чаши, потоа стаклени шишиња, ситен отпад, пластични кеси и 2 медицински игли, кои ги депониравме во специјалната кутија за медицински отпад донирана од НВО Опција – Охрид.

Меѓу другото би сакале да истакнеме дека на локацијата е потребна барем уште една акција за да може да се смета за добро исчистена, што значи дека состојбата со отпадот таму е алармантна. Чист Охрид доби информации дека е виден камион како депонира отпад обем од 4-5 вреќи отпад на самата средина на просторот кој се користи како паркинг, што значи дека не се работи за спонтано депонирање од граѓани, туку намерно оставање на отпад. И овој отпад беше отстранет.

За крај, би сакале да испратиме итен апел за поставување на канти за отпадоци на оваа локација и редовно отстранување на отпадот, велат од „Чист Охрид“
Публицитет.мк






