Досега имавме прилика да гледаме огромен број на концепт автомобили за тоа кон што би можеле да се развиваат спортските модели на автомобилските гиганти, но Rolls-Royce ја претстави нивната визија за луксузните автомобили…
По повод 100 годишниот роденден на германскиот бренд BMW, нивниот британски партнер Rolls-Royce претстави уникатен концепт на автомобил со кој сакаат да ја претстават нивната визија за тоа кон што би можела да се развива авто индустријата за овие ултра луксузни автомобили.
Па во нивната 112 годишна историја овој концепт е претставен како нивен прв ваков “чист” визионерски концепт со кој сакаат да ја најават иднината на луксузните автомобили. Како таков Vision Next 100 е долг 5,9 метри и зрачи со ултра футуристички дизајн кој сепак е надополнет со прилично препознатливи црти на овој бренд, додаден е нов дизајн и на маските околу тркалата со што е постигнат ефект на чуство како да лебди овој автомобил, а за да го задржи тој луксузен дел препознатливото лого на овој бренд (Spirit of Ecstasy) е рачно изработено од кристали.
Време е да се запознае и внтрешноста. За да влезете внатре не се отвараат само врати, односно поради овој купе изглед се отвара и дел од покривот се со цел да влезете во автомобилот целосно исправено – наместо да се наведнувате. Внатрешноста е опремена со огромен и комфорен простор за седење, односно воопшто не е поставено место за седење посебно за возачот – бидејќи и го нема. Да британците го имаат замислено овој автомобил како целосно автономен со што патниците ќе можат целосно да се опуштат во возењето од страна на самиот автомобил, а исто така преку системот ќе можат да комуницираат со автомобилот – Навистина иновативно и футуристичко, но дали и ние така ја замислуваме иднината?
Извор: www.rpm.mk












