• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Читателите избираат: Мирјана Талеска од Прилеп, професор по македонски јазик и книжевност

август 2, 2015
in Во потрага по трајната убавина

Потрагата по трајната убавина ја правиме заеднички со Вас почитувани, читатели и посетители на „Публицитет.мк“

Денеска ја поместуваме објавата – дописот на Мирјана Талеска од Прилеп. Се надеваме дека нејзиниот избор ќе ви се допадне и ќе биде поттик и Вие да ни пишувате. Ве очекуваме 

 mirjana copy

Ја сакам подеднакво и поезијата и прозата. Иако, секоја песна си има своја силина и своја милозвучност, сепак од мојата листа на поети, ќе ги истакнам: Анте Поповски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Гане Тодоровски,Матеја Матевски,Михаил Ренџов,Светлана Христова-Јоциќ , Бранко Ќопиќ, Његош, Прешерн, Стојан Арсиќ, Радован Павловски и најмладата од ова поетско друштво, Лидија Димковска. Ова лето се посветив на творештвото на Стојан Арсиќ. Со него се запознав минатата година на ,,Ракатки“. Му благодарам за подарениот роман,,Последната алка“, кој ми остави силен впечаток.

 Роман, потресна животна приказна, кој побудува силни емоции кај читателот кои кулминираат со солзи, без оглед на полот и возраста.Можеби, како што вели рецензентот на книгата, Славка Арсова, ,,Судбината го води човечкиот живот, или, пак, човекот со својата драматична спротивставеност во себе – го талка животот” . Мислам дека овој роман треба да биде задолжителна лектира за основно образованиеза да ги поттикне младите дека скриената тајна може да наштети не само на индивидуата, туку и на целото семејство. За помладите читатели би ги истакнала романите на младите писатели: Биљана Јандреска со својот прв роман,,Вистинска љубов“ ; вистинската љубов постои, доаѓа во вистински момент, според тоа нема потреба од самоуништување и губење надеж за потрага по вистинска љубов; и љубовниот роман ,,Крвавата роза“ од Благојче Николоски, роман со трагичен крај, кој би ги едуцирал младите да стекнат култура за обавување на редовни лекарски прегледи, откривање навремено на несакани болести и нивно спречување за да се отстрани пречката на патот кој нема излез и надеж.

Сепак, за мој избор во рубриката „Во потрага по трајната убавина се определив за песна од поетесата Лидија Димковска со која ме поврзува моето родно место Шлегово. Всушност, мајката на Лидија е од Шлегово, а таа често преку лето доаѓаше кај нејзините баба и дедо. Песната во себе ја носи универзалната порака за љубовта и препреките кои обично стојат пред нештата да одат кон посакуваниот крај. 

 

Кирие Елеисон

Првата катедрала ја видов во Катерини

Кога купувавме здолништа од тексашко платно,

пет блузи за илјада драхми+една бесплатна,

зимски џемпери среде август и кожни елеци,

боже, биеше катедралата точно напладне,

се гледавме со Кирие в очи, татко ми рече: Го собравме грчкото ѓубре.

Но морето беше чисто а и Василиј не беше грд,

 ѓубрето си е ѓубре, иако тој шепотеше нежно Сагапо.

Во Катерини водев инает со миризливите писма без точна адреса.

 Жените во поштата го прецртуваа името на мојата земја и каде можеа да стасат писмата ако не во нивната прочуена депонија.

Катедралата монотоно стои кај што е, вербата во Бога ми е слаба, морав да викнам среде улица: Ѓубриња, грчки ѓубриња!

Сé уште не сум бил на Света Гора,

но кога ќе отидам ќе ти донесам икона од Светиот квартет: Софија, Вера, Љубов и Надеж,

 за срцето змија ме касна,

 човек со таква слобода пред Бога не може да се покрие со зборот ѓубре,

 иако плачев кога сестра ми реши да остане во Катерини и да раѓа Грци,

 Катедрало,лесно можеш да се разбудиш на другиот крај од светот и пак да се викаш Катедрала,

 а јас не се ни исончав добро, ни блузите не ги пробав,

 само се свртов кон Катерини и се молев: Елеисон, Елеисон Кирие и остани ми со здравје и во чисто и во ѓубре чие било каде било.

 Лидија Димковска

Посетеност: 205
Share
Previous Post

Што било договорено на Првото заседание на АСНОМ?

Next Post

Светлана Неделкоска- SBS: „Македонија е како магнет – влечи“

Next Post

Светлана Неделкоска- SBS: „Македонија е како магнет - влечи“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 205

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk