Летото е период од годината во кој најчесто нашите Македонци распрснати по светот се враќаат во својот роден крај.
Така е и годинава, многу од нив го користат својот одмор да се видат со своите семејства, роднините и пријателите.
„Публицитет.мк“ на плажата Потпеш во Охрид се сретна со Светлана Неделкоска, новинар и водител во СБС – SBS – Австралија, програма на македонски јазик. Таа во Австралија заедно со сопругот Дејан и ќерките Јована и Мелоди живее веќе 10 години и речиси на секои две години одмораат во Македонија.
„Австралија е убава, ама најблиските и Македонија со цела своја убавина е магнетот кој постојано не влече , “ ни рече Светлана. Таа како секој вистински професионалец, дел од одморот ќе го потроши на реализација на повеќе интервјуа со кои ќе ја збогати програмата на која напорно, заедно со колегите: Виолета, Маргарита , Радица и Васе секојдневно работи, во интерес на големата македонска заедница во Австралија и низ светот.
На маса со ладен шијалак со Светлана проговоривме за секојдневието, обврските, лудото темпо на живот, како и за состојбите со новнарството во Македонија и Австралија, за 40 роденден на СБС , концептот на македонската програма , која се емитува секој работен ден од понеделник до петок во 12 напладне и трае по еден час… Еве го линкот до нив: http://www.sbs.com.au/yourlanguage/macedonian?language=mk
СБС и штотуку формираниот веб – портал „Публицитет.мк“ ќе започнат заедничка соработка со размена на информации кои се од важност на Македонците и сите кои ја чувствуваат и носат Македонија во срцата.
Светлана на крај не заборави и ни рече: „На сите Македонци ширум светот им ги честитам двата Илиндена и им посакувам се’ најубаво.
Публицитет.мк