
Членовите ФА”Бисери” и уметничкиот раководител Татјана Узуноска -Тренеска,постојано смислуваат активности,виртуелно,користејќи ја денешната технологија со цел да бидат во контакт и да се дружат за време на вирусот Ковид -19.
– Не дозволуваме да не одвои новонастанатата ситуација,со огромна почит на одлуките на Владата и министерот за здравство д – р.Венко Филипче ги мотивирам децата да бидат креативни,да останат дома, дури не помине оваа состојба и да продолжиме таму каде што застанавме,на проба во салата на Центар за култура „Григор Прличев’ . Изработуваме носии,облекуваме кукли,изработуваме маски со фолклорни мотиви, со различни чорапи го одбележавме и денот на Дауновиот синдром…. Имаме уште изненадувања.
Воедно поздрав до колеги фолклористи од целиот свет,во изолација… Со желба и надеж до скоро видување на фолклорни проби,семинари,кампови,смотри и фестивали, пораќува Тренеска.






Публицитет.мк







