Еден од најстарите зачини на светот е лесно достапен и најчесто го врзуваме за детството и питите од јаболка на баба како и мирисот на празниците.
Меѓутоа, лековитите својства на циметот како одличен во лечење на инфекции, болести на срцето, дијабетес и дигестивниот тракт ја оправдуваат неговата вредност која некогаш била поскапа и од злато.
За подобро работење на мозокот
Неодамна е спроведено истражување кое потврдило дека мирисот и вкусот на циметот во устата го стимулира мозокот и помага во подобра концентрација, визуелна меморија и брзина на реагирање.
Доволно е работното место да го освежите со етерично масло од цимет или додека работите да се напиете чај кој сте го зачиниле со рендано стапче цимер.
За подобро варење
Циметот е одличен извор на манган, трага елемент, но исто така многу добар извор на прехрамбени влакна, железо и калциум. Комбинацијата на калциум и влакна поволно делува на варењето, бидејќи нивната комбинација се врзува за жолчните соли и помага во нивно излачување од телото. На тој начин штитат од рак на дебелото црево и одржуваат адекватно ниво на холестерол.
Половина лажичка цимет во прав со две лажички мед е смесата која треба да се консумира пред јадење, бидејќи ја намалува киселоста и помага во варењето на масната храна.
За зајакнување на косата
Антиоксидансите кои го сочинуваат најголемиот процент на активни состојки на циметот се покажале одлично во регенерација на косата и потхранување на скалпот. Затоа, неговата употреба се препорачува кај интензивно губење на косата и зајакнување на влакната.
Во врело маслиново масло потребно е да измешате една лажица мед и една лажица цимет. Почекајте смесата да се олади и нанесете на коренот на косата и оставете да делува десет минути, исплакнете. Постапката повторете ја два пати неделно.
За отстранување на лошиот здив
Благодарение на антибактериските својства, циметот е одличен за лекување на инфекции на усната шуплина, кои се честа причина за лош здив.
Подгответе еден децилитар топла вода и помешајте по една лажица мед и цимет. За да се ослободите од непријатениот здив секое утро плакнете го грлото неколку минути со подготвената смеса.
За слабеење
Секојдневно консумирање на цимет спречува таложење на маснотии во телото, покрај тоа антиоксидансите во циметот го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и ја намалуваат потребата за јаглехидрати.
Половина час пред појадокот на празен стомак и навечер пред спиење се препорачува да се испие смеса од две лажици мед и една лажица цимет сварени во една чаша вода.
За лечење инфекции
Циметот има неверојатен ефект врз габичните инфекции, кои во повеќето случаи се отпорни на лекови. Содржи две активни состојки, eugenol и cinamaldehid кои имаат силен анти-габични ефект, се покажал ефикасен против бактеријата Ешерихија Коли.
Четири чаши вода во сад да зоврие, додадете осум стапчиња цимет и варете уште десет минути. Тргнете од оган и оставете циметот да отстои еден час, извадете ги стапчињата и повремено во текот на денот напијте се неколку голтки од напитокот.