Обично сме навикнати да ги прифаќаме црквите како свето место каде човек бара духовен мир и место каде упатуваме молитви кон Бога. Сигурно, сепак не сме навикнати да гледаме на нив како знаменитости.
Изгледа во Тајван луѓето размислуваат на друг начин. Токму на територијата на овој азиски остров беше изградена веројатно најнеобичната црква во светот. Таа има форма на кристална чевла, слична на онаа од бајката за Пепелашка.
Чудната црква се наоѓа во градот Будва и е направена од сино стакло и челик. Висината достигнува речиси 17 метри, а широчината околу 10 метри.
Идејата за нестандардниот дизајн на зградата не е случаен – на тој начин треба да се привлечат повеќе верници од понежниот пол.
Изградбата на црквата во Тајван траело два месеци, а треба да биде отворена пред кинеската нова година, која во 2016 година се паѓа на 8-ми февруари.
Креаторите на авангардниот црковен проект се надеваат дека кристалната чевличка ќе стане омилено место за заљубени парови кои ќе ги снимаат свадбените фото сесии токму таму.
Покрај тоа, локалните власти ја одредуваат црквата како нова атракција, која ќе даде дополнителен поттик на туризмот во регионот. Тие не веруваат дека се оправдани критиките дека таква архитектура е во спротивност на животната природна средина.
“Ние веруваме дека црквата ќе стане нова атракција. Самиот проект е уникатен. Повеќето невести сакаат да носат високи чевли и сметаме дека оваа зграда ќе се совпадне со нивната имагинација. Всушност веќе имаме многу телефонски повици со прашањето кога црквата ќе ги отвори вратите “, открива портпаролот Хунг Чао-Чанг.
Во непосредна близина се наоѓа друг атрактивен објект – познат како “кристалната црква”, која е омилена позадина за свадбени слики на младоженците.
Вредноста на обувката-црква во Тајван е 686 500 долари.
Извор: lokalno.mk