• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Црвен крст – Охрид ја одржа спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“

јуни 11, 2022
in Uncategorized
Црвен крст – Охрид ја одржа спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“

Во ритамот на спортот, забавата, хуманоста пулсираше Градскиот плоштад во Охрид денес при одвивањето на традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција која во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски по 12-ти пат се одржува во Охрид.

Акцијата започна со градска трка по улицата Кеј Македонија, за да продолжи со натпревари во бројни спортски дисциплини: фудбал, ракомет, шах, вртење хулахоп, скокање со јаже, пикадо. За забавата се погрижија распеаните „Рибарчиња“, а спортскиот дух во ритамот на музиката го одржуваше аеробик сесијата со професорката Кате Бујароска. Презентации на ракометните вештини имаа  ракометните школи Вардар-Охрид и Седмерец, шаховските техники ги презентираше шаховскиот клуб Ласкер, а тренинг одржаа и членовите на Охридтрчат-Детска атлетика. На градскиот плоштад свое катче имаше и Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, каде се промовираше и новата Програма за подготовка на деца за в училиште која во јули стартува во Црвен крст Охрид.

20220611 112543

Бројните посетители, од сите возрасти не останаа рамнодушни на настапите на жонглерите, штуларите, аниматори, кловнови, мимичари, магионичари, за кои, заедно со бројните награди, се погрижи Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски.

20220611 112444

Сите оние кои купиле учеснички број учествуваат во големата наградна игра со 50 вредни награди кои ќе бидат извлекувани во втората половина на месец јуни, во емисија во живо. Оние кои сакаат да се дел од големата н аградна игра, а не стигнале да купат  учеснички број, истиот можат да го обезбедат во просториите на Црвен крст Охрид најдоцна до 26.06.2022.

20220611 1207190

Црвен крст Охрид изразува благодарност до партнерот  и сите помагатели и поддржувачи на хуманитарната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“.

20220611 120554

Публицитет.мк 

Посетеност: 113
Share
Previous Post

Во време на матури се одбележуваат и годишнини од матури

Next Post

Александар Петрески со нова песна и видео за неа- „Ново утро“

Next Post
Александар Петрески со нова песна и видео за неа- „Ново утро“

Александар Петрески со нова песна и видео за неа- „Ново утро“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 113

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk