• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Црвено клуниот лебед ја пречека својата братучедка Црниот лебед на Охридското Езеро

ноември 11, 2016
in Аргументи за

Охридското Езеро како посебен еко – систем преставува интересен објект во однос на фауната на птиците особено на ЦРВЕНО КЛУНИОТ ЛЕБЕД (SIGNUS OLOR GMELIN).

Со право може да се каже дека ЦРВЕНО КЛУНИОТ ЛЕБЕД ја збогати и онака богатата фауна на Охридското Езеро.ОРНИТОЛОШКИТЕ податоци покажуваат дека лебедите се многу одлични летачи. Според некои податоци тие можат да прелетат дури и до 600 километри без прекин. Лебедите живеат во јата.Посебна каректеристика за ова многу убава и ретка птица е нивната брачна верност до крајот на животот.

НАТУРАЛИЗАЦИЈАТА на лебедот крај Охридското Езеро потврдено е во моето истражување синтетизирано во мојот научен труд под наслов ,,ЦРВЕНО КЛУНИОТ ЛЕБЕД (НЕМ ЛЕБЕД) SIGNUS OLOR GMELIN на ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО. Кај птиците нервниот систем формира посебни центри од кои се шират нервите кон сите делови на телото. Се разликуваат: централен и периферен нервен систем. Основна функција на нервниот систем односно на сетилниот прибор се:одржување врска со надворешната средина, како и воспоставување координација меѓу овие функции. Деновиве актуелно беше со пуштањето на црниот лебед во Охридското Езеро.

Во целост се согласувам со реакцијатана господинот орнитологот Велевски Методија за донесување на црниот лебед по вештачки пат во Охридското Езеро. Во редот на лебедите спаѓа и видот црниот лебед, кој е актуелен во Охрид и пошироко бидејќи пред извесно време беше пуштен еден од нив (SIGNUS ATRATUS). Не се точни некои податоци што се објавуваат во медиумите како за црвено клуниот лебед така и за црниот лебед. Не се точни наводите дека во 1971/72 година биле донесени два пара бели лебеди и два пара црни лебеди. Не е точен податокот дека за прв пат црвено клуниот лебед бил забележан во 1950 година.За илустрација ќе спомнеме дека на 29.05.1938 година германскиот научник Мачак го посетил Дојран и бил известен дека во северниот дел од езерото се наоѓале лебеди. Тој со задоволство го посетил северниот дел на езерото и нашол само седело со јајца во измината инкубација, што значи лебедите си заминале. Не е точно дека лебедите спаѓаат во класите на гуски туку во класата на птици(AVES).

Не е точно дека бројноста на лебедите на Охридското Езеро дека се движело од 26 до 126 туку е помало. Црниот лебед може да се види поединечно или во големо друштво, кое брои сттотици или илјадници лебеди.Овај лебед е со црни пердуви со мал број на бели пердуви. Еден возрасен лебед е долг од 110 до 140cm и тежок од 5 до 9kg, машките секогаш се потешки. Црниот лебед пушта звук како од труба. Сегашната бројност вкупно во светот изнесува околу петстотини илјади, за овај вид нема закани за нивно истребување. Нивната татковина претежно му е југоисточна и југозападна Австралија. Тој посебно живее на свежи и солени води, езера, реки, мочуришта, порано се верувало дека не се селат но сега знаеме дека тие се номадски вид. Пердувите на црниот лебед паѓаат наеднаш како кај многу други птици.Неси од 4 до 8 јајца на кој лежи 35 дена како и сите лебеди. Гнездата ги прават од трски, треви, плевел со димензии од 1 ди 1,5m со висина 60 до 70cm кој поголем дел е во водата. Родителите подеднакво се грижат за младенчињата кои живеаат заедно до 6 месеци кога се оспособуваат да летаат и тогаш ги напуштаат.

Црниот лебед е моногам со исклучок на сосем мал дел кој е полигам. Вештачкото преселување на лебедите не е забележано. Пред многу години по вештачки пат во Нов Зеланд се однесени голем број на лебеди но поради несоодветната околина лебедот целосно изчезнал со кој некој изумреле а некој побегнале. Лебедот по вештачкуи пат многу е тешко да стане автохтон. Аклиматизацијата на лебедот не е место од неколку квадрати тоа е за карантин, додека аклиматизацијата треба да биде изведена на место каде што ќе му биде постојано живеалиште.

Основата исхрана на овој лебед е водени растенија, црволики животни, полжавчиња и друго. Црниот лебед никогаш природно не го населувал Охридското Езеро. Бидејки црниопт лебед се внесува по вештачки пат требаше да се изврши аклиматизација, тоа значи приспособување на нивните организми кон новата средина, додека карантинот е сосема друг начин од аклиматизацијата.

Заболувањето  на лебедот може да биде од прејаденост или пак можеби има киселина, може да има и црвени паразити. Пред да се пристапи кон населување на овај вид птица, нужно е да се изврши сестрана анализа на сите природни фактори во предметното подрачје, а на кои ќе зависи опстанокот и развитокот на видот. Секогаш треба да се знае и почитува правилото: населувањето да се изведува од полоша во подобра животна средина. Треба да се пуштат во време кога ќе има доволно храна и не треба да се вознемирува. Коските на птиците секогаш се шупливи и исполнети со воздух и служи за полесно летање.

Со голем почит до сите читатели.

Ристо Климовски Шумарски факултет со посдипломски студии оддел специјализација ОХРИД.

 

Објавените текстови  во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Публицитет.мк

 

Посетеност: 151
Share
Previous Post

Промовирани девет книги од трите проекти „Звучна библиотека“

Next Post

Викендов дождлив и снежен

Next Post

Викендов дождлив и снежен

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 151

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk