Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовиран проектот „Звучна библиотека 1,2,3’.
За проектот кој е финансиран од Министерството за култура на РМ говореа директорката Александра Белевска и Елена Долоска, носител на проектот. Промотор беше Милчо Јованоски, кој воедно е уредник на проектот започнат во 2014 година.
Се работи за девет романи – книги од познати македонски и роднокрајни автори кои оставиле траен белег во богатата македонска книжевна историја кои се преточени во девет звучни изданија.
Тоа се добро познатите и популарни романи: „ Време на црвените рози“,„Пиреј“, „Пасквелија“, „Големи и мали“, „Прличев горд самјак“, „Црно семе“, „Гоце Делчев“, „Автобиографијата“ на Григор Прличев“ и „Крпен Живот“, пренесени на аудио звук на ЦД издание.Од авторите: Видое Видически, Живко Чинго, Коста Фортомар, Стале Попов, Ванчо Николески,Петре М. Андреевски, Бошко Смаќоски и Ташко Георгиески.
Наратори на книгите се Елена Долоска и Сузана Стојкоска.
Од трите засебни проекти обработени се по 33 ЦД примероци или по 100 во секоја година, што значи библиотеката има на располагање 300, од кои дел ќе бидат предадени во Националната Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, дел уште денес му беа подарени на Сојузот на слепи лица од Охрид.
Слушнете го исечокот од деветте ауди – промовирани книги:
Со ова во рамките на библиотеката и официјално запона да функционира изнајмувањето на звучни книги, кои се врши исто како и издавањето на останатиот библиотечен фонд.
Публицитет.мк