• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Црвеноклуниот лебед на Охридското Езеро – Нем лебед CYGNUS OLOR GMELIN

декември 8, 2015
in Аргументи за

Повод за сето ова да гo напишам ми даде она шта го прочитав во некои весници и на фејсбук,за Лебедот на ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО.

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО како посебен еко систем, преставува интересен објект во однос на фауната на птиците.

 Ова подрачје се наоѓа на селидбениот пат на голем број  птици – преселници од север кон југ и обратно.

Поради добриот однос во почетокот од страна на човекот ова птица се демистифицира.

– Со право може да се тврди дека Црвеноклунит лебед (CYGNUS OLOR GMELIM) ја збогати и така богатата  фауна на Охридското Езеро

– Во почетокот ова птица била тука присутна само во зимскиот перид од годината и пстепено привикнувајќи се на местото  останува преку целата гдина.

Орнитолшките податци покажуваат дека лебедите се одлични летачи. Според некои податоци лебедите можат да прелетаат дури и до 600 километри. Живеаат претежно во јато.

lebedi copy

Посебна карактеристика кај оваа крупна птица е нивната брачна верност до  крајот на нивниот живот.

Охрид е инспиративна средина и веројатно заради тоа црвеноклуниот лебед се вгнездува во овој реон. НАТУРАЛИЗАЦИЈАТА на лебедите крај Охридските брегови е потврдена со  истражувањето  синтетизирано во мојот научен труд под наслов ,,ЦРВЕНКЛУНИОТ ЛЕБЕД на Охридското  Езеро“  Овај лебед е голем талкач,покрупен е од жолтоклуниот лебед,може да достигне тежина од 12-16 килограми, долг  е 1,5 метар а распонт на крилата е до 2,5метра

 Женката неси 4-8 јајца на кои лежи 35 дена. Тежината на јајцето е 300 грама со должина112 милиметри и со широчина во средниот дел  од 70 милиметри.

Димензите на седелата се 230 сантиметри со широчина 190 сантиметри.  Ваквите димензии на седелата можат да поднесат тежина дури и до 100 килграми.
Овој вид лебед  за прв пат е забележан есента 1976 година за по извесно време да исчезне.

 Во 1978 год. долетале само четри двојки лебеди.  Во есента 1980 година им се придружиле уште пет двојки и јатото останало преку целата година во Охрид.

 Лебедот почнува да се размножува на Охридското Езеро, седелата ги прави во густите трски и со што станува автохтона птица. Заштитата и одгледувањето  не е на некое завидно ниво,затоа треба да се направи програма за заштита, одгледување, размножуване и се друго што е непходно за правилен развој на ова грациозна птица.

 Уште многу одамна самиот се понудив да направам една  програма но сето тоа беше не успешно.

Потребно е на Охридското Езеро да се воведе строга заштита на овој вид птица.

Кога станува збор за нивната прихрана според моето истражување за еден лебед дневно доволни се минимум 2,5 денари до максимум 5 денари кои што се и многу за една птица.

Од кога лебедите ќе се навикнат на оваа исхрана и секојдневно и во одредено време ќе бидат таму каде што се поставува храната.

Деновиве во еден дневен весник прочитав дека еден хуман човек сакал да му помогне на еден изнемоштен лебед, но бил предупреден од некој дека се работи за заштитена птица.

Во ред лебедот е трајно заштитена птица, но во такви случаи хуманите луѓе можат да му помогнат на загрозените лебеди.

Според Законот за ловство во такви случаи се известува инспекторот по ловство по должност на законот лебедот се презема на лекување од страна на овластена ветеринарна организација се до неговото целсно излекување.

Јас со таков пример се соочив  во мај годинава. Од Кратово ми се јавија со укажување дека еден лебед бил заглавен во талпите на Дримот во Струга.

Го известив инспектор за лов и по неколку часа ми се јавија и ми кажаа дека работата е завршена позитивно.

Бројноста на лебедите кај нас сега е намалена, а додека вкупниот број не е намален.

Од кога констатирав дека е така го обиколив целиот македонски брег и ја установив бројноста онолку колку што имаше.

Не задоволен од бројноста на лебедите во Македонија , отидов во соседна Република  Албанија за да видам  дали и колку лебеди има таму?

Во селото Тушемишта во двата извора каде што има две полуостровчина имаше 56 лебеди.

Со голема почит, особено до оние кои се интересираат за лебедите.

Ристо Климоски , Шумарски факултет – пост.дипломски студии оддел специјализација

 

Објавените текстови  во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

 

Посетеност: 175
Share
Previous Post

ФИЛМСКИ ПРЕМИЕРИ ВО ДЕКЕМВРИ (2)

Next Post

(ВИДЕО) НОВО ОТКРИТИЕ: Измислен пиштол за спасување човечки живот

Next Post

(ВИДЕО) НОВО ОТКРИТИЕ: Измислен пиштол за спасување човечки живот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 175

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk