
Игор Балевски, доктор на медицински науки од областа на интервентна кардиологија при Универзитетскиот Клинички Центар Марибор, со огромно искуство во третман на пациентите на интензивна нега, извесен период доброволно престојуваше и несебично помагаше на одделите каде што се лекуваат Ковид пациенти.
Едукација, користење на неинвазивна механичка вентилација кај потешко болни пациенти, размена на искуства и протоколи со инфектолози, интернисти и анестезиолози за третман на Ковид заболени е само мал дел од хуманата мисија на овој наш сограѓанин.
Неговиот придонес во оваа алармантна ситуација е од големо значење и за пациентите и за членовите на медицинскиот тим на Ковид амбулантите, велат од ЈЗУ Општа болница Охрид.
ЈЗУ Општа Болница Охрид од името на сите вработени, искрено му се заблагодарува на д-р Игор Балевски за овој чин.
-Посакуваме што поскоро да помине ова зло на денешницава и секоја наредна пригода посетувајќи го својот роден град, Игор да гледа само среќни и здрави озарени лица, додаваат од оваа јавна здравствена установа.
Публицитет.мк






