
Сузана Стефановска, МРТВ – Радио 2
Денеска полнам 59 години, а работам 34 години во Македонската Радио Телевизија во Радио 2.
Роденденот секогаш го прославувам со моите најблиски. До пред почетокот на пандемијата и со поширокото семејство и другарките. Но, од минатата година за жал славењето е само со најблиските, сопругот,ќерката Стефани и зетот Денис и најмалиот член на семејството, нашиот мил, сакан,внук Каин, кој се надевам годинава може и да го разбере значењето на дувањето свекички на роденденската торта,зашто за неполни 2 месеца ќе има и тој роденден, ќе наполни 2 години.
Ги сакам овие денови без разлика што ни минуваат годините, што значи влегуваме во некој период на повозрасна група граѓани… ама од друга страна тој биолошки процес не можеме да го спречиме, а и оваа возраст си носи убавини…
На почетокот на работната недела роденденот ќе го одбележам и со моите колеги од редакциата…тоа стана како некоја традиција во колективното работење..
Пожелувам многу здравје во ова време на пандемија,на вашата редакција, и на вашите читатели. На сите кои се борат за живот во болниците, што поскоро да се кренат на нозе,ама многу жалам за огромниот број изгубени животи, сочувствувам со секоја трагедија…
Ви благодарам што отстапивте простор за мене,како долгогодишни соработници. ( Милчо еден период работеше и во Македонското радио и сме во одлична соработка до ден денешен).
Ви посакувам многу здравје и успех во работата во порталот Публицитет.мкж
Публицитет.мк







